ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  5 детски изјави кои ќе ве излудат
    5 детски изјави кои ќе ве излудат

    5 детски изјави кои ќе ве излудат

    Како да му се одговори на детето на досадните прашања и изјави?!

     

    Тоа е мое!

    Без разлика дали вашето дете е едно или има постари или помали брат или сестра, сигурно во повеќето случаи ќе одбие да ги дели своите работи. Тоа не значи дека вашето дете е размазено или себично. Детето се плаши дека ако нешто му даде на братот, сестрата или на некој другар, таа работа(играчка или друго….) нема веќе никогаш да ја види. Поради тоа може да се случи да направи и сцена, да вришти и плаче…

    Како да реагираме?

    Многу е важно да не паѓате под влијание, бидете неутрални и немојте да застанете на ничија страна. Тешко ќе можете да ја игнорирате ситуацијата; затоа е најдобро да пробате да го убедите вашето дете дека работата (играчката….) ќе му биде вратена. Во краен случај можете да се договорите за колку време и да му гарантирате дека ќе му купите други, ако не му биде вратена.

    Досадно ми е!

    Сигурно секој родител ќе се изнервира кога ќе слушне нешто вакво и ќе помисли колку разновидни игри во денешно време му се достапни на детето. Меѓутоа, децата не се криви за тоа, бидејќи едноставно некогаш се заситуваат од сите игри и бараат друштво, но причината е затоа што не сакаат да бидат сами. Никој не сака да се забавува и да игра сам!

    Како да реагираме?

    Најдобро е да бидете однапред подготвени на ваква ситуација. Пред детето да изјави дека се досадува, заедно направете листа на сите достапни игри-друштвени игри, карти, играчки, книги, боење, музика, исто така во предвид доаѓаат и играње на фудбал, прескокнување на јаже… без разлика на тоа дека можеби ви е најлесно да му пуштите на детето цртан филм или да му дозволите да игра игри на компјутер. Колку што е можно избегнувајте го овој вид на забава.

    Не е фер!

    Кога на детето ќе му забраните нешто, во најдобар случај само ќе се налути и ќе одговори дека тоа не е фер, но може да се случи детето да ја покаже својата незгодна природа. Без разлика на тоа како детето ќе одреагира на забраната, очигледно е дека е вознемирено, а вие сте обично исфрустрирани, во недоумица дали да попуштите. Во ситуација кога тоа ќе се случи на јавно место помалку сте и застрамени!

    Како да реагираме?

    Многу е важно да останете мирни и сталожени и да му објасните на детето дека не може секогаш да биде се по негово. Пробајте што побргу да го смените амбиентот, за да може детето што побргу ја заборави непријатната ситуација. Покасно, ако е потребно, поразговарајте со детето за ситуацијата, дозволете му да ви каже што му смета, а вие објаснете му зошто нешто сте му забраниле.

    Сакам сега!

    Децата понекогаш се многу упорни во своите намери и желби. Не престаануваат да инсистираат да им дадете нешто како на пример некое колаче пред ручек. Без ралика на тоа колку сте сакале да го задржите вашето мислење, во повеќе случаи ќе попуштите, бидејќи повеќе нема да можете да ги слушате молбите, плачот….. Секако кога ќе попуштите, обавезно нагласете дека ова е последен пат или дека може но треба потоа да го изеде целиот ручек што сте го спремиле.

    Како да реагираме?

    Останете доследни! Повторете два пати не, а потоа пробајте да му го свртите вниманието од благото така што ќе започнете приказна за нешто сосема друго!

    Не можеш да ми наредиш!

    Најчесто во афект децата зборуваат работи кои инаку не би ги рекле. Се лутат, ви кажуваат дека не ве сакаат, а причина за таквото однесување е вашата забрана. Во тие ситуации никако не треба да одговорите на провокацијата, иако сакате да му укажете дека можете да му наредувате!

    Како да реагираме?

    Никогаш немојте да му одговарате на детето и со тоа да ја продолжувате расправата. Вие сте тие кои одлучуваат и секако тоа треба да му се укаже на детето, но на малку поинаков начин. Понудете му повеќе опции. Ако на пример не му давате да оди надвор, понудете му да избере дали сака да гледа цртан филм, да читате заедно книга или да сложува сложувалка. На тој начин детето ќе ја задоволи својата потреба за да постигне контрола во донесување на одлуките.