ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  5 филмови за животни кои вашите малечки би требало да ги погледнат
    5 филмови за животни кои вашите малечки би требало да ги погледнат

    5 филмови за животни кои вашите малечки би требало да ги погледнат

    5 филмови за животни кои вашите малечки би требало да ги погледнат.

    Се работи за емотивни филмски приказни за јунаци и животнискиот свет кој ќе ги забавува башите малечки но ќе ги научи на многу битни лекции.

    Филмските Јунаци, најчесто се кучиња, мајмуни, коњи, делфини, глувчиња, китови, тигрови. Во продолжение, пет филмови за животните кои едноставно морате да ги погледнете.

        1. Бејб

    Ова е филм за прасето кое многу сака да стане куче-овчар.Во филмот имаат учествувано околу 56 тренери на животни, а на сет имало повеќе од 1000 животни. Оваа топла приказна е совршена за целото семејство.

    1.  Леси се враќа дома

    Леси е најпозната куѓа во светот на филмот. Играниот филм снимен е 1943 година, а настанал по истоимената книга на биртанскиот писател Ерика Најта. Главниот јунак е шкотско куче и името му е Леси кое е продадено на богати аристократи поради тоа што неговите сопственици се сиромашни. Сепак, Леси сака да се врати кај својот сиромашен сопственик и својот најдобар пријател, поради што тргнува на опасно патување.

    3.Малиот Стуарт

    Стуарт е глувче со големо срце кој го има вдомено семејството Litl. Стуарт започнува авантури со разни ликови, вклучувајќи и непиријатели, куќната мачка, но и неговиот најдобар пријател, детето во семејството. Стуарт во својата авантура учи што значи семејството и пријателство.

    4. Бетовен

    Главниот јунак во овој филм е бернандинец.Бетовен случајно излегол од камионот на крадци кои, заедно со неколку кученца, го украле од петшоп. Случајно влегува во куќата на семејството Њутн, чии деца сакаат миленичиња, но нивниот татко не им дозволува да имаат. Таткото потоа одлучува да попушти под притисок на Бетон и наскоро целото семејство го врти животот наопачки. Филмот е полн со акција и пресврти.

    5. Мојот пријател Вили

    Вили е кит орка, затворен во мал базен во севернопацифички забавен парк. Во текот на ноќта испушта тажни крикови кои ги испраќа до своето семејство кое весело игра во близина на заливот. Но неговот семејство тоа не го разбира. Единствено детето Џеси, кое ќе ја примети неговата тага и плачење, бидејќи добро знае што значи да бидеш без семејство. Ова е филм и за постарите и за помладит, бидејќи има многу што да се научи за пријателството, семејството и слободата.