ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  5 идеи за забава во зимските месеци
    5 идеи за забава во зимските месеци

    5 идеи за забава во зимските месеци

    Во зима децата се помалку  време поминуваат на отворено. Иако играта на свеж воздух е омилена на децата и на родителите, ниските температури, врнежите, краткиот ден не ограничуваат во времето поминато на свеж воздух.

    Повеќето деца уживаат во играта на снегот. Но што кога временските услови не дозволуваат  снежни игри? И кога децата ќе Ви кажат “Досадно ми е“. Дали имате решение во моментот? Ако не, имаме одличен совет – тегла со идеи. Во теглата запишете ги сите друштвени игри кои ги имате и идеи за заеднички игри кои ги сакате. Детето нека извлече еден лист, заедно прочитајте која игра и започнете.

    5 идеи за семејна забава:

    1.Игра на погодување,  Pictionarya која им е омилена на повеќето, може да се поделите во парови и наместо да ги цртате поимите, можете да ги обликувате од пластелин.

    2.Математиката можеби не е најзабавна за децата, но со игрите со карти тие несвесно учат математика.

    3.Заборавената игра “брза географија”

    4.DIY проект. Знаеме понекогаш предизвикуваат неред, но гордоста во очите на децата е непроценлива.

    5.Кога не сте сигурни како да се забавувате, социјалните игри се одговорот. Изберете ги според возраста и интересите на детето.

    Зошто играта е важна ?

    Иако понекогаш играта е содржина која го исполнува времето, таа е исклучително важна за развојот на детето. Ја зајакнува координацијата на движењето и го стимулира мозокот (ја стимулира креативноста и решавањето на проблемите), ги учи децата на нови ситуации и ја зајакнува нивната самодоверба. Преку играта, детето развива социјални вештини кои помагаат во подоцнежните интеракции и создавање и одржување на пријателства. Преку играта детето спонтано ги вежба и развива сите аспекти на развојот – говор и комуникација, социјални вештини, когнитивен и моторен развој.