
5 кратки мудрости на јапонските родители во одгледувањето на децата
Иако јапонскиот стил на родителство е поинаков од нашиот, овие неколку трикови можеме да ги “украдеме”.
Јапонските деца важат за едни од најздравите и најсреќните деца во светот, покажа истражувањето објавено во научното списание The Lancet. Резултатите од истражувањето исто така открија како јапонските деца имаат најдолг животен век.
И иако јапонскиот стил на родителство е малку поинаков отколку нашиот, постојат неколку трикови кои дефинитивно не се лоши да се ипробаат доколку веќе не ги практикувате.
1. Пофалба за трудот, а не за способноста
Во Јапонија детето е стално пофалено за својот труд , а не за својата способност. Таквиот начин на охрабрување и пофалба се практикува дури и кога детето има проблем со нешто, затоа што родителите веруваат дека тогаш детето ќе се труди уште повеќе.
2. Почитување на прво место
Малку е веројатно дека ќе видите јапонско дете како има испади на бес насред трговски центар или продавница. Јапонските родители од најрана возраст ги учат децата да бидат полни со почитување спрема старите и да размислуваат како нивното однесување влијае на другите.
3. Ако не е далеку, оди
Во Јапонија е сосема нормално да се видат мали ученици како одат сами во школо. Повеќе од 98% од децата одат пешки во школо, спрема Светската здравствена организација. Во Јапонија очигледно вреди тоа правило, па со оглед на тоа јапонските родители од почетокот ги учат своите малечки како на повеќето места можат да стигнат користејќи ги своите нозе. Ако не е далеку – оди!
4. Нема викање
Во Јапонија дисциплината се нарекува “shitsuke” . Тој збор приближно може да се преведе како “одгледување”. Наместо викање, во јапонското дисциплинирање на децата, секогаш важи правилото за размислување за последиците од тоа што детето го направило.
5. Самостојност од почетокот
Од најрана возраст, децата во Јапонија се учат да бидат самостојни и самоуверени. Баш поради тоа јапонските деца од почетокот им помагаат на своите родители во куќните работи, а во градинките и школите продолжуваат со тие навики.
Им требаат ли и на нашите деца овие јапонски лекции?