5 НАЈЧЕСТИ МИТОВИ ЗА АДАПТИРАНОТО МЛЕКО ЗА БЕБИЊА
Проблемите со доењето влијаат на самодовербата на мајката
- АД млекото е хемија
- Адаптираното млеко е исто како и кравјото млеко
- Адаптираното млеко смета во процесот на поврзување/зближување на мајката со детето
- Адаптираното млеко ја смалува количината на млекото
- Бебињата кои се хранат со АД млекото не се паметни и здрави како доените
Самодовербата на мајката
Ни едно млеко не може во потполност да го замени мајчиното млеко.Меѓутоа, не се сите мајки во прилика да дојат.
Адаптираното млеко не е и не треба да биде избор доколку мајката може да дои. Сепак, адаптираната млечна формула, како замена за мајчиното млеко, може дури и да го помогне и да му даде поддршка на доењето, посебно во почеток кога мајката с еуште не добила млеко или кога мајката и бебето се од некои причини одвоени.
Кога мајката не може да дои тоа влијае на нејзината самодоверба во улога на мајка. А негативните коментари на околината како и многубројните заблуди за АД млекото уште повеќе ја отежнуваат работата.
Издвојуваме за вас некои од најчестите митови за адаптираното млеко
АД млекото е хемија
Адаптираната млечна формула не е хемија туку млеко во прав чиј состав е строго контролиран и одреден така да ги задоволува потребите на организмот на бебето. Не, не е во прашање никаков отров туку потполно безбедна храна за бебе, која се дава поради недостаток на мајчиното млеко кога нема друг избор
Адаптираното млеко е исто како и кравјото млеко
Адптираната млечна формула се прави од кравјо млеко но со посебен процес протеините од кравјото млеко се разработуваат, млекото се адаптира така да по состав биде поприближно на мајчиното млеко и да може организмот на бебето полесно да го вари. Прераното внесување на кравјото млеко може да доведе до анемија, што со употребата на АД млечната формула нема да се случи
Адаптираното млеко смета во процесот на поврзување/зближување на мајката со детето
Доењето само го олеснува bonding (процесот на зближување на мајката и бебето) но тоа никако не треба да значи дека мајката која не дои не може да се поврзе со своето бебе. Погеднете ја сликата долу.
Дали оваа мајка е поврзана со своето бебе?
Не е секоја мајка која дои е чувствителна и цврсто поврзана со своето бебе, а исто така и мајката која не дои може да се поврзе со бебето хранејќи го со шишенце.
Меѓутоа важно е на кој начин ќе го храните бебето. Ставете го бебето во положба како да го доите, нека бебето биде во што поголем контакт со вас, остварете контакт со очите со него…… и запамтете, постојат многу начини да се поврзете со бебето , доењето и хранењето на бебето со шишенце во прегратката на мајката е само еден од начините.
Адаптираното млеко ја смалува количината на млекото
Количината на млекото зависи од потребата и побарувачката.што значи тоа? Што повеќе бебето цица толку повеќе се се ствара млеко во дојките. Меѓутоа, доколку бебето ја испразни дојката па после тоа и додадете ад млеко, тоа не може да влијае на произвотството на млекото. Затоа е важно пред да сакате да употребите адаптирано млеко , проветете дали количината на млекото кое го имате е доволна.
Бебињата кои се хранат со АД млекото не се паметни и здрави како доените
Мајчиното млеко има предност во однос на било каква замена и содржи се она што му е потребно на бебето. Меѓутоа и ад млечната формула која денес се наоѓа на пазарот содржи пребиотици кои го помагаат имуниот систем како и масни киселини кои позитивно влијаат на мозокот на бебето и корисни се за бебиното здравје и развој.