5 непријатни промени кои може да ги очекувате во текот на бременоста
Телото после бременоста доста се менува, но освен растот на градите, честите посети во тоалет и константното чувство на глад, еве што може да очекувате во текот на бременоста.. Тоа што во вас расте една мала особа, доволно е чудно само по себе. Сепак, тоа не е единственото што може да порасне или промени на вашето тело. Не се соочуваат сите идни мајки со овие промени, но сепак е битно да бидете информирани во тоа што се може да очекувате во текот на бременоста.
1. Брада
Овие симптоми се може едни од најчудните. Немојте да дозволите да ве зачуди раст на влакна во пределот на брадата. Во некои бремености можно е да се појави и брада која нема да се изгуби ни после бременоста односно по враќање на хормоните. Но за среќа, тоа нема да биде права машка брада, само неколку упорни влакна кои може да се отстранат.
2. Промена на обликот на носот.
Постојат среќници кои вишокот на килограми го приметуваат само околу стомакот. Но, некои жени се здебелуваат на сите страни, вклучувајќи го и носот. Последните месеци од бременоста многу е веројатно деќа ќе приметите дека носот ви изгледа малку поинаку од вообичаено. Нема потреба за грижа, оваа промена не е постојана.
3. Промена на кожата
Бременоста може да влијае и на вашата кожа. Појавата на бубулици и пеѓи е сосема нормлана појава во текот на бременоста, но кога истите ќе се појават под пазуви и околу вратот, може да предизвика непријатно чувство.
4. Вени
Благодарение на ситуацијата во која се наоѓате, постои можност дека вените ќе ви бидат поизразени. Во главно се појавува кај колената или стомакот и чуствтото не е воопшто пријатно.
5. Стопалата ќе ви станат поголеми
Иако овој симптом во бременоста звучи бесмислено, неоговата појава е многу честа. Доколку вашите стапала се мали, нема ова да ви претставува некој голем проблем, но ако имате големи тогаш ова може дополнително да ве изнервира.
Ова изненадување ви го припрема најважната особа во вашиот живот. А ова е само почеток на предизвиците што ќе ве чекаат.