• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  5 причини да се ослободите од цуцла
5 причини да се ослободите од цуцла

5 причини да се ослободите од цуцла

Таа ви е најдобра пријателка затоа што можете да се потпрете на неа и дење и ноќе. Никој не неможе да го смири вашето бебе толку брзо и толку добро како она. И бебето ја сака. Како и да не, кога ја знае од третиот ден од животот и кога непрекинато се дружат веќе две години. Понекогаш имате впечаток дека вашето дете повеќе ја сака од вас, па затоа одлучивте да ја прекинете врската меѓу нив.

Нема милост – цуцла, лажливка…. како и да сте ја нарекувале, мора да исчезне од вашите животи!

 


Кога пристигнавте дома од породилиштето на комодата покрај креветчето ве дочека кутија со цуцла.

Ви ја донела вашата искусна пријателка, чие бебе не можело да се успие без лажливка.

Пробавте и, за среќа,заклучивте дека благодарение на овој мал предмет од силикон, за себе сте добиле барем некој час сон.

Денес, тој ист предмет ви го крши сонот, бидејќи постојано се плашите дека вашето дете ќе откине парче и ќе се задуши.

 

Вториот роденден е краен рок

– Дури и да не постои овој страв, има доволно медицински причини за двегодишно дете да ја отфрли цуцлата. Идеално, би било да го направи тоа веднаш по првиот роденден, но на некои деца им треба повеќе време,па  употребата на цуцлата се толерира се до четвртиот роденден – велат педијатри и наведуваат пет причини за одбивање на цуцлата.

1.Кинењето на цуцлата навистина може да доведе до гушење на детето, па секојдневно треба да ја проверувате дали има оштетување на силиконот или латексот.

2. Дете кое оди,цуцлата ја остава каде ќе стигне – на маса, столче, меѓу играчките – така тешко е да се чува беспрекорно чиста. Од оваа причина, децата на оваа возраст поради цуцлата често страдаат од цревни инфекции.

3. Продолжената употреба на цуцлата негативно се одразува врз развојот на говорот и правилното изговарање на буквите и зборовите.

4. Иако ова не е докажано, се верува дека цуцлата го помага развојот на раниот кариес, особено ако детето ја  става во устата по конзумирање на сокови и слатки.

5. Поради продолжената употреба на цуцлата, може да дојде до неправилен развој на вилицата и положбата на забите , како и до отежнато дишење.

Бидете мудри и трпеливи

Некој деца цуцлата ја отфрлат сами, а некој пак би ја користеле до крајот на нивниот живот. Не постои правило, ниту универзален совет за одвикнување.

Може да започнете да му ја земате на детето, цуцлата, во текот на денот накратко, кога ќе се заигра, и да го продолжувате времето на апстиненција. Кога ќе ја побара, вниманието свртете му го на нешто друго, додека само не ја одбие,но не сметајте на тоа дека се ќе оди брзо и лесно.

Можеби постепено одвикнување кај вашето дете нема да “запали”, па употребете подрастични методи кој ќе ви донесат неколку немирни денови и непроспиени ноќи. Едноставно, тргнете ја цуцлата или фрлете ја, и заборавете на неа. Ќе преживеете и без неа.

Некои деца цуцлата ја заменуваат со палец, што е уште поштетна навика. Ако дојде до тоа, и потрае, побарајте стручна помош.