• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  5 причини кои yкажуваат на тоа дека трудничките килограми не се толку лоши
5 причини кои yкажуваат на тоа дека трудничките килограми не се толку лоши

5 причини кои yкажуваат на тоа дека трудничките килограми не се толку лоши

Опуштете се и уживајте: 5 причини кои yкажуваат на тоа дека трудничките килограми не се толку лоши

Жените воглавно не се радуваат на килограмите кои ќе ги добијат во текот на бременоста, меѓутоа тие килограми имаат свои позитивни страни, еве за што станува збор.

Поголемиот број на идни мајки не се спремни за промени кои ги очекуваат во бременоста. Воглавно се плашат од вишокот килограми, меѓутоа килограмите кои ќе ги добиете во текот на бременоста имаат и позитивна страна. За среќа тие килограми не се шок за организмот. Некои жени во овој период дури и ја губат својата тежина поради утринските мачнини и одбојноста кон одредена храна и мирис.

Првото и второто тромесечие се период кога жената почнува да ги приметува килограмите.

Еве 5 причини зошто килограмите кои ќе ги добиете во текот на бременоста се навистина добри.

  1. Килограмите се важни за вашето бебе. На бебето кое расте во вашиот стомак му се потребни килограми за да порасне во силно и здраво бебе. Жените кои не се дебелеат доволно во бременоста прават ризик од предвремено породување и од таа причина има веројатно бебето да се роди со под просечна тежина.
  2.  За се се виновни хормоните. Во бременоста хормоните поттикнуваат желба за храна и храна која има необичен вкус.
  3. Градите изгледаат фантастично. Како трудницата ќе напредува, ќе напредува и големината на градите. Сосема е нормално градите да пораснат за отприлика еден број, како последица на отеченост и стварање на млеко.
  4. Големиот задник нема да остане засекогап. Телото кое ќе го имате во бременоста  нема да биде вечно, а оваа причина би требало малку повеќе да ве расположи и да ве направи да уживате во облините кои ги имате. Па зарем е толку лошо да имате задница како Џеј Ло?
  5. Килограмите можете да ги изгубите многу брзо. Оној момент кога ќе се породите веќе сте изгубиле 5 килограми. Во наредните неколку недели, хормоните се смируваат и ќе изгубите уште килограми а ќе исфрлате и течности кои допринесуваат за поголема тежина.