• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  5 x ДА за доење
5 x ДА за доење

5 x ДА за доење

Повеќето бремени жени, покажуваат анкетите, сакаат да ги дојат своите деца. Повеќето мајки, покажуваат официјалните податоци, се откажуваат од доење кога бебето ќе наполни шест месеци, а некои и многу порано. Доењето е најубавата работа на светот, но ни малку не е лесна, особено првите денови по раѓањето на бебето. Мајката ненаспана, уморна и исцрпена, бебето плачливо и раздразливо,столицата со зелена боја и ете полна куќа со шишиња и млечни формули. Штета, бидејќи нема ништо подобро од мајчиното млеко. Тоа е 100% е здраво, 100% природно, 100% бесплатно, тоа е 100% љубов, и затоа, драги мајки и идни мајки, треба да ги доите вашите деца колку што е можно подолго.

Ако ова не е доволно за вас, еве уште пет, помалку познати факти за доењето …

1. Мајките кои дојат побрзо губат килограми наталожени за време на бременоста, во споредба со мајките чии бебиња јадат млечна формула, бидејќи  за да се произведе млеко телото троши помеѓу 600 и 1.000 калории дневно. Со тоа се губи и 25%енергија, а само 20% од дневната потрошувачка на енергија се троши на мозокот.

2. Ако сте мислеле дека бебето кое е цица секој ден јаде една и иста храна, со исти вкус, грешите, бидејќи вкусот на млеко зависи од оброците на мајката. На овој начин, бебето ги учи вкусовите на разни видови храна со кои ќе се запознае веднаш по воведувањето на цврста храна, а подоцна и во првите години од животот.

3. Бебето од една града може да исцица околу 65% од млекото по оброк, бидејќи јаде се додека не се засити,а не додека не изеде се што му е на располагање .

4. Дури 75% од жените имаат повеќе млеко во десната града, но не затоа што се деснаци и што ги има нив повеќе. Овој факт нема никаква врска со тоа дали мајката ја користи левата или десната рака повеќе, просто десната града е по доминантна.

5. Една од бројните студии за корисни ефекти на мајчиното млеко покажала дека тримесечните бебиња кои исклучиво цицаат спијат 45 минути подолго од другите бебиња. Научниците тврдат дека ова се случува затоа што мајчиното млеко содржи мелатонин, хормон за спиење.