• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  5 Знаци дека на бебето му е претопло
5 Знаци дека на бебето му е претопло

5 Знаци дека на бебето му е претопло

5 Знаци дека на бебето му е претопло

Во продолжение ви претставуваме 5 начина според кои можете да проверите дали на вашето бебе му е претопло. Родителите, најчесто сметаат дека треба да го облечат бебето плашејќи се да не настине, да не му ладно па и во топлите летни месеци имаат потреба на бебето да му префрлат нешто околу стомакот, да им облечат чорапи или пак маица со долги ракави и им ставаат капа на првото ветре.
Она за што не размислуваат е дека прегрејувањето на бебиното тело е еднакво опасно колку и самата настинка. Прегреаното тело претставува опасност по децкото здравје, а кога е во прашање новороденото бебе, американската асоцијација на педијатри, прегрејувањето на бебето го поврзуваат со синдром на изненадна смрт.
Бебињата кои се премногу облечени и изложени на ризик од дехидрација, односно од губење на течности во организмот. Тоа може да има негативни последици на работата на бубрегот, а во екстремни случаи, се случува да доведе до трагични последици. Наглото загревање на организмот ја зголемуваат количината на штетни супстанци во крвта, а исто така може негативно да се одрази на организмот.
Постојат неколку начини според кои вашето бебе “говори” за тоа дека му е претопло
1. Доколку главата и вратот се влажни, тоа е знак дека се поти и дека му е претопло.
2. Доколку има црвенило на лицето или пак има осип
3. Слушнете како детето дише. Брзото дишење е симптом на прегревање
4. Наслонете ја раката на детето на гради, доколку е топло тоа е уште еден знак
5. Доколку дететo не може да заспие и е немирно, можеби му е претопло.
Новороденчиња
Поратлот за здравје livestrong.com, предупредува дека новороденчиња не треба да се прекриваат во главчето, освен ако не е ладно. Бебето, но и постарите деца, поголемата телесна топлина ја губат низ главата, па капата може дополнително да го загрее телото.
Совети за облакање
Бебето и децата треба да се облакаат исто како родителите. Исклучок се предвремено родените деца на кои им треба добра топлина.
Спиење со бебето
Доколку спиете со бебето, имајте на ум дека вашето тело ќе го згрее детето, па покривањето не е неопхдно.