ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  50.000 евра за развој на спортски активности за децата од СОС Детско село
    50.000 евра за развој на спортски активности за децата од СОС Детско село

    50.000 евра за развој на спортски активности за децата од СОС Детско село

    Со цел развој на спортските активности за децата од СОС Детското село Македонија, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и  Европската фудбалска Асоцијација (УЕФА), за проектот на СОС Детско Село – Македонија „Football is power“, доделија 50.000 евра. 

    Председателката на У.О. на СОС Детско Село, Зорица Серафимовска Арсовска изјави дека со оваа номинација ФФМ ја потврди, препозна и поддржа нивната работа.

    – Ние веќе 17 години посветено работиме и се грижиме за децата без родители и родителска грижа во нашата земја. Нашата работа и мисија се поклопуваат во една многу важна работа, нашата работа е да менуваме животи, а вашата да обезбедите исто така подобра иднина за децата и младите преку спортот, односно фудбалот, потенцираше Серафимовска Арсовска.

    сосдетскосело, sos, detskoselo, deca, fudbal, FFM, ФФМ

    Националната директорка пак на СОС Детско Село, Јулијана Гапо посочи дека спортот е клучна улога во правилниот раст и развој на секое дете.

    – Раното откривање на спортскиот потенцијал е појдовна основа за тоа како детето понатаму ќе се развива на спортски професионален план. Преку тимскиот спорт се учи тимска работа, делење, самодисциплина, лидерство, толеранција и фер плеј, рече Гапо.

    Претседателот пак на ФФМ Муамед Сејдини, изјави дека Федерацијата се труди да има активна улога во општеството, преку придонес во активности и проеркти кои ја покажуваат социјалната одговорност.

    Филип Поповски, генералниот секретар на ФФМ, изјави дека најискрено се надевам дека со реновирање на спортското игралиште ќе се поттикнат многу повеќе дечиња кои што живеат таму.