• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  6 симптоми на бременост кои ќе им се допаднат на сите идни мајки
6 симптоми на бременост кои ќе им се допаднат на сите идни мајки

6 симптоми на бременост кои ќе им се допаднат на сите идни мајки

6 симптоми на бременост кои ќе им се допаднат на сите идни мајки

Бременоста често знае да биде напорен период во животот на секоја жена, меѓутоа постојат  и убави работи кои ве очекуваат во текот на следните 9 месеци.
Утринските мачнини, болките во грбот и карлицата, проблемите со тенот и константниот умор се најпознати симптоми за бременост, па најчесто се забораваат оние мали но магични работи кои доаѓаат со бременоста. Еве некои од нив:

Убава коса
Косата во бременоста станува видно поубава, сјајна и густа. Причина за ова се хормоните кои добро влијаат на квалитетот на косата, а истовремено престанува редовното отпаѓање на косата, нешто што сте го имале навикнато како нормална појава

Убави нокти
Зголемувањето на крвниот притисок и нивото на хормони позитивино влијаат на брзиот раст на нокти. Со тоа, пренаталните витамини кои поголемиот број на трудници ги земаат можат да поттикнат раст на ноктите и да ги направат уште поубави и поздрави од претходно.

Поголеми гради
Дури и пред да направите тест за бременост, вашите гради веќе почнале да се менуваат со што се припремаат за доење. Како млечните канали растат и се развиваат така и вашите гради стануваат се поголеми.

Сјаен тен
Не мислиме на масна кожа, туку на природен сјај кој се појавува поради зголемување на протокот на крв. Образите се румени, кожата мека и здрава.

Изостанува циклусот
Веројатно еден од вашите омилени симптоми е дека за време на бременоста изоставува циклусот. Нема тампони, пмс и менструални болки.

Подобар секс
Бременоста кај многу жени прави поголема осетливост во вагиналниот дел, а многу жени сведочат дека за време на бременоста многу повеќе уживале во сексот.