• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  6 клучни причини зошто е важно да им читате на децата на глас од најрана возраст
6 клучни причини зошто е важно да им читате на децата на глас од најрана возраст

6 клучни причини зошто е важно да им читате на децата на глас од најрана возраст

6 клучни причини зошто е важно да им читате на децата на глас од најрана возраст

Од исклучително значење е читањето на децата во било која доба, не само на најмладите.
Методата на гласно читање е многу значајна за развивање на читателски навики а подоцна успех во училиштето, како и за општ успех во стекнување на знаења.
Спонтаното читање може да се одвива и во кола, лекарска чекална, автобус, во парк, на излет.. буквално секаде. 
Читајте им на децата на глас за тие да можат да:

• Се поврзат со читањето и книгите преку убави чувства
• Да слушаат звуци, ритмика и зборови
• Да го користат слухот, видот и допирот
• Креирајте звукови – од гугање па се до зборови
• Покажете слика и изговорете го името на личноста на сликата
• Детето ќе почне да ги разбира сликите и да ги покажува предметите од неговата околина.

Овој начин на читање може да биде забавен и често да премине и во фамилијарен ритуал, посебно во ладните денови кога на сите им недостасува фантазија како да го анимирате своето дете.
Од исклучителна важност е развојот на когнитвната способност кај децата, а гласното читање ви дава сигурна и цврста врска со детето.


Зошто е важно родителите да читаат на своите деца од мали нозе?

• Правите превенција од потешкотија во читањето
• Книгата е извор на корисно и возбудливо искуство
• Се зголемува вокабуларот на зборови и нивно општо значење, бидејќи тоа што ќе го прочитате детето ќе го поврзе со нешто што заеднички сте го виделе или слушнале.
• Кога родителите читаат на глас, стануваат пример за децата и пренесуваат љубов кон книгата
• Малите деца се запознаваат со книжевниот јазик, кој се разликува од секојдневниот, што е многу важно за образованието.
• Додека слушаат, децата фантазираат за луѓето, местата, ситуациите кои не ги запознале или доживеале.

Читањето треба да биде долго колку што децата се желни да слушаат. Не треба да се присилуваат на слушање на приказни. Со тек на време децата развиваат концентрација, па времето за слушање на приказни само по себе ќе се продолжува. 15 минути гласно читање во текот на денот ќе придонесе за целокупниот развој на детето.