ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  6 монтесори совети како да го натераме детето да ги среди играчките
    6 монтесори совети како да го натераме детето да ги среди играчките

    6 монтесори совети како да го натераме детето да ги среди играчките

    Колку пати сте се нашле во ситуација да не можете да го видите подот од детски играчки, а вашето дете не сака да ги расчисти ни по стотина молби и закани дека веќе никогаш нема да му купите нова.

    Еве шест начини како да го поттикнете своето дете да ги расчисти играчките по Motessori техниката.

    Во Motessori градинките, родителите повремено ги викаат за да ги видат своите деца како средуваат и чистат. Многу од родителите доживуваат шок кога ќе видат како нивниот 3-ри или 4-ри годишник ги средува играчките кога ќе заврши со играње и тоа без никој да го моли и да се кара со него! “Треба да ја видите неговата соба дома!” или секој ден барам од него да ги среди играчките, тоа е секојдневна борба, тоа се само некои од коментарите на родителите.

    Постојат неколку работи кои ги прават во Montessori училниците како би ги поттикнале дури и најмалите деца да ги средуваат своите работи кога ќе завршат и тие не вклучуваат постојан приговор или фрустрирачко повторување безброј пати за нешто да се направи.

    Ви предлагаме шест начини како да го поттикнете своето дете да ги среди играчките.

    Направете место за се

    Сите мислат дека на детето би му било најлесно да ги среди своите играчки ако само ги собере во некоја голема кутија, но тоа не е така. Малите деца имаат силно чувство за работа и сакаат работите да им бидат средени. Поради тоа, многу деца чувствуваат задоволство кога ги враќаат работите точно на своето место.

    Децата повеќе ќе сакаат да ги средат играчките ако секоја играчка има одредено место каде  стои.

    За да го пробате овој начин, можеби ќе треба некои од играчките да ги тргнете. Одредено време поминете така што ќе внимавате со кои играчки највеќе игра вашето дете. Ако постојат играчки што вашето дете нема да ги погледне една недела, тие играчки слободно може да ги тргнете или да ги подарите на некој.

    Потоа преостанатите играчки наредете ги на равтовите така што секоја ќе има свое место. Внимавајте полицата да не биде преполна. Вашето дете ќе ве изненади така што само ќе почне да ги средува играчките, сега кога веќе знае на секоја играчка  каде и е местото.

    Модел од рана возраст

    За бебињата и малите деца најдобар начин да ги поттикнете да ги средат своите играчки е да ги моделираат. Немојте средувањето на играчките да го оставите кога децата ќе одат на спиење, направете тоа да изгледа како процес кој заедно го завршувате на крајот од денот. Бебето тоа ќе го гледа, а вашите поголеми деца ќе ви се придружат. Позаинтересирани ќе бидат да ви помогнат ако тоа изгледа како природна задача која ќе ги исполни, а не како постојана задача која мора да ја исполнат, не дозволувајте тоа да стане борба за моќ.

    Никогаш не е касно за моделирање на фактите, само охрабрете го своето дете да биде активен учесник.

    Искажете ги своите очекувања

    Одлучете што очекувате од своето дете во врска со фактите и средувањето и направете ги експлицитни. Одберете некои правила кои ви се важни, споделете ги со своите деца и често потсетувајте ги додека не ги усвојат.

    Нека биде забавно

    Колку црвени блокови можете да пронајдете и да ги ставите во кутија? ”“Можат ли сите играчки да се соберат во кутија?” Понекогаш е навистина тешко да се собере енергија и чистењето и средувањето да се претвори во игра. Брзо може најлошиот ден да се претвори во најдобар.

    Поставете ја рамката на позитивен начин

    Наместо: “Нема ручек додека играчките не се соберат!”, пробајте да кажете: “кога ќе ги собереш играчките, заедно ќе ручаме.” Честото нагласувањето на тоа што доаѓа следно е голем поттик за децата, своите работи да ги отфрлат. Им помага во менталниот премин на тоа што следи и им дава нешто ново на што ќе се веселат.

    Причекајте го природниот прекин

    Никој не сака да биде прекинат кога нешто работи,  а децата не се исклучок. Иако тоа не е секогаш можно, пробајте да почекате додека детето не направи природна пауза во тоа што го работат за да ги замолите да исчистат и средат. Нека го заврши цртежот. Нека ги стави последните неколку коцки на неговата кула. Нека ја заврши изработката на круната.. Работата е во тоа дека е поедноставно и поефикасно да ги пуштите да го завршат тоа што го работат, отколку да ги прекинете и да барате од нив да средуваат. Ако сте кнап со времето, можете да го прекинете, но бидете подготвени да му помогнете во средувањето.

    Без разлика на големината на детето, можете да поставите јасни очекувања. Можеби ќе ви треба малку пракса и малку стрпливост, но детето брзо ќе се вклопи во тој брод ако бидете доследни.