6 начина како здраво да ослабете после породување
Здрави навики и вежби
Со здрави навики во исхраната и редовно вежбање, без многу болка, може да го постигнете изгледот кој сте го имале пред вашата бременост
Повеќето од мајкаite сакаат што е можно поскоро да се ослободat од вишокот килограми, но за жал не постои магичен начин да се отстрани вишокот веднаш по породувањето. Меѓутоа, со здрави навики во исхраната и редовно вежбање, без многу потешкотии, може да го постигнете изгледот пред бременоста. Новопечените мајки, за разлика од другите жени, треба да имаат на ум дека им треба одредени хранливи производи за таа и бебето би биле здрави. Еве листа на некои видови храна кои треба да бидат земени во предвид, со цел да се врати енергијата и да бидат во полна сила грижејки се за новороденчето.
1. Внесувајте протеини наместо јаглехидрати
Храна која содржи многу протеини содржи хормон кој се “бори” против гладот и прави да се чувствувате сити, повеќе одкога внесувате јагленохидрати. Исто така, голем број извори на протеини, како на пример рибата, говедското месо, јајцата, се богати со железо и витамин Б12, кој ја враќаат енергијата (Што и е потребно!). Но треба да бидат внимателни и да изберат тенко парче месо, а особено да се обрне внимание на мастите, бидејќи вишокот на заситени масни нема да помогне во диетата, а и на вашето кардиоваскуларно здравје.
2. Изборете се со од падот на имунитетот
Траума и стрес после, и за време на породувањето, можат да влијаат на имунолошкиот систем кој реагира преку внатрешно воспаление. Помогнете му на вашето тело да се справи со овој пад на имунитетот со конзумирање соодветна храна. Нека во Вашата дневна исхрана бидат застапени, на пример, зелениот чај, овошје, зачини шафран и лук, и да се избегнуваат преработени шеќер кој го зголемува нивото на шеќер во крвта и предизвика намален имунитет.
3. “Произведувајте млеко“
Ако доите, повеќето експерти предложуваат да додадете во вашата вообичаена исхрана 500 калории плус дневно во однос на исхраната. Пијте многу вода, јадете храна богата со влакна и избегнувајте алкохолни пијалаци. Бидете внимателни во врска со она што го јадете, бидејќи сè што јадете вашето бебе го прима преку млекото, па ако забележите дека вашето бебе има пролив, гасови или осип, тоа може да се должи на алергиска реакција на одредени видови храна.
Ако имате “недостаток” на млеко, некои мајки, но, исто така, професионалци, веруват дека некои билки, како семиња од пченица, камилица, анасон, го стимулираат “производство” на млеко. Се разбира, пред да почнете да ги земате овие чаеви, консултирајте се со вашиот лекар.
4. Витамин ABECEDA
Обрнете внимание на витамините кои се најважни за вас
Витаминот А се губи во големи количини за време на доењето. Треба да внесувате 1.300 микрограми дневно преку храна богата со овој витамин (спанаќ, моркови, кељ).
Витаминот Ц исто така се пренесува преку млеко, и треба да се зема околу 120 милиграми дневно. Добар извор се црвени пиперки, портокали и брокула.
Витаминот Д ги зајакнува коските и го добиваме преку изложување на кожата на сончева светлина, но многу мајки го поминуваат поголемиот дел од денот во затворен простор, така што е потребно за еден ден да внесатоколу 5 микрограми. Јадете јајца, печурки, млеко …
Витаминот Е е добар за циркулација, и треба да се внесе околу 19 милиграми на ден, а овој витамин го има најмногу во јатките (ореви, лешници, бадеми), семиња и јајца.
Калиум
Многу мултивитамински производи не го содржат овој минерал кој го намалува крвниот притисок. Неопходно е да севнесува околу 3500 мг. Го има најмногу во банани, агруми, дињи …
5. Внесувањето на калциум е важно
Иако има некои дебати за тоа колку калциум доилките треба да се земаат, според сегашните препораки внесот на калциум треба да биде ист за сите жени (без оглед на тоа дали сте бремени или доите, или не).
За силни коски и заби, бидете сигурни дека внесувате доволно ниско-калорични млечни производи и друга храна која е богата со овој минерал, како смокви, грав, грашок, и лиснат зелен зеленчук.
6. Откријте ја магијата на рибино масло
Омега-3 масните киселини од рибата и рибино масло г подобруваат сензорниот, моторниот и когнитивниот развој кај бебињата. Мајчиното млеко е богато со “добри” омега-3 масни киселини – DHA и АА, кои се одговорни за развојот на мозокот кај новороденчињата. Се препорачува 0.3 до 0.5 g DHA дневно, а најдобриот извор е лосос, туна и ореви. Има и уште еден плус. DHA не е добар само за децата – кај мајките ја намалува индикација за постпородилната депресија!