ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  7 рецепти за здрав и вкусен доручек

    7 рецепти за здрав и вкусен доручек

    Солена овесна каша

    Потребно е:

    ½ шолја овесни снегулки, ¼ шолја рендано чедар сирење, ¼ црвен пипер, сол, црн бибер.

    Припрема

    Овесните снегулки ставете ги во сад и потопете ги со ладна вода, потоа префрлете ги во лонец и ставете вода доволно за да омекнат. Варете ги пет, шест минуси, доколку водата испари, додадете уште малку но овој пат врела вода. Во текот на варењето додете го сирењето и црвениот пипер.

    соленаовеснакаша, деца, родители, доручек, здравахрана, babyshop, zdravahrana,deca, roditeli

    Палента со зеленчук

    Потребно е:

    50 грама палента, четвртина главица кромид, 100 грама обарен спанаќ, 100 грама обарена морков, 2 лажици пилешка чорба, малку млеко и парче кашкавал.

    Припрема

    Сварете ja палента според упатството на кесичката и ставете ја во чинија да се олади. Пропржете го лукот на пола супена лажица масло, додадете го спанаќот, морковот и 2 лажици од пилешката чорба. Во тавче ставете го зеленчукот додадете ја палентата која кога ќе се олади ќе ја исечете на парчиња и добро ќе промешате. Додатете лажица млеко или рендар кашкавал.

    Погача со сирење

    Потребно е:

    1 јајце, 30 грама сирење, сол, ¼ шолја германско сирење, 4 шери домати, ¼ краставица.

    Припрема

    Загрејте ја рерната на 180 степени, а тавчето обложете го со хартија за печење. Одвојте ја жолчката од белката. Белката со вилушка изматете ја на страна, а жолчката помешајте ја со сирењето, па посолете. Кога ќе добиете фина кремаста смеса, постепено додавајте ја белката. Со лажица ставете на хартијата да личи на погача. Ставет ја да се пече 5 до 10 минути. Послужете со крем-сирење, домат и краставица.

    соленаовеснакаша, деца, родители, доручек, здравахрана, babyshop, zdravahrana,deca, roditeli

    Палачинки со овошни мусли

    Потребно е:

    ½ шолја овошни мусли, 1 јајце, 1 супена лажица прашак за пециво, ½ шолја бело сирење, мало јогуртче, 1 лажица масло.

    Припрема:

    Во блендер изматете ги овошните мусли со прашакот за пециво,и додадете ги останатите соостојки. Со лажица вадете топчиња од смесата и пржете ги на добро загреано масло.

    Киноа со ореви и цимет

    Потребно е:

    80 грама кравјо млеко, ⅓ чаша вода, ⅓ шолја сварена киноа, ⅔ шолја замрзната боровница, цимет, 10 грама исецкани ореви, 1 лажица мед.

    Припрема

    Помешајте го млекото, водата и киноата и варете на тивко, поклопете со капак околу 15тина минути додека поголемиот дел од течноста не се апсорбира. Тргнете го од варење, почекајте 5 минути, па додадете ја боровницата, оревите, циметот и медот.

    Овошен чија пудинг

    30 грама чија семе, 115 мл млеко, ½ банана, 3 суви кајсии, малку стевија или мед.

    Припрема

    Исецкајте ги кајсиите и бананата на коцки, Промешајте ги чија семето, млекото и стевијата или медот и оставете ги да отстојат 10-15 минути со повремено мешање. Додадете ги кајсиите и бананите и промешајте.

    соленаовеснакаша, деца, родители, доручек, здравахрана, babyshop, zdravahrana,deca, roditeli

    Чија чоколаден пудинг

    Потребно:

    2 супени лажици чија семе, ½ чаша млеко, 2 лажици мед или стевија, 1 рака какао, ½ лажица екстракт од ванила.

    Припрема:

    Помешајте ги сите состојќи, поклопете ги и оставете ги да отстојат 20 минути пред да јадете. Пудингот во фрижидер може да преноќи и да се јаде за доручек. Во тој случај разредете го со малку млеко, а можете да додадете и свежо овошје.

    соленаовеснакаша, деца, родители, доручек, здравахрана, babyshop, zdravahrana,deca, roditeli