7 начини да ги намалите болките во грбот во текот на бременоста
7 начини да ги намалите болките во грбот во текот на бременоста
Постојат неколку начини во текот на бременоста со кои можете да ги олесните и намалите болките а во исто време и да го сочувате вашиот грб.
Четириесет недели бременост е исполнета со многубројни убави моменти, но често се случува, идните мајки да се соочат и со болки во грбот. Зголемувањето на тежината во пределот на стомакот претставува проблем за долниот дел на грбот и создава притисок на пршлените. Доколку доживеете болка во грбот во текот на бременоста, користите лекови против болки, но никако не ги земајте пред да се консултирате со вашиот лекар. Масажите и акупунктурата како и лесните вежби исто така можат да помогнат.
Вежби кои ќе ви помогнат да го зајакнете грбот во текот на бременоста.
1. Спијте на страна, со перница помеѓу нозете
Спиењето во оваа положба и дозволува на вашата кичма да се одмори во природна положба. Пробајте да спиете на левата страна во текот на бременоста, со што би го зголемиле протокот во крвта.
2. Пробајте масажа
Масажите се генерално добри за секоја болка во грбот. Иако сте бремени, ова е безбедна опција.
3. Одберете удобни чевли
Заборавете ги високите штикли и балетанки. Чевлите со добри влошки се најдобри.
4. Правилното држење на телото е клучно за намалување на болката
Додека сте бремени, би требало вашите рамења да ги истакнете нанапред и додека седите и додека се движите. Користете поддршка за лумбалниот дел додека седите на столица. Добра опција се и полунадуваните топки за плажа или сролан пешкир. Трудничкиот стомак го менува центарот за гравитација и се доведува до зголемувања на болките во грбот.
5. Не дигајте тешки предмети
Доколку нешто кревате, свиткајте ги колковите и колената, а не грбот. Доколку почувствувате напор, веднаш престанете.
6. Забележете кога се појавува болката во грбот
Посоветувајте се со доктор доколку болката не престанува. Можеби имате некоја повреда или пак ситуација за која мора да се обратите на доктор.
7. Зајакнете ги мускулите на грбот со вежби кои ви се одобрени од доктор
Шетањето и пливањето се два добри примери кои ќе ви помогнат да го зајакнете целокупното тело, но и ќе ги држи килограмите под контрола. Додека пливате, ја намалувате тежината која ја носите бидејќи сте во вода, а уште повеќе помага на тонусот на мускулите.