ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  7 Неверојатни информации за фетусот, кои сигурно не сте ги знаеле!
    7 Неверојатни информации за фетусот

    7 Неверојатни информации за фетусот, кои сигурно не сте ги знаеле!

    7 Неверојатни информации за фетусот, кои сигурно не сте ги знаеле

    Да се донесе на свет мало суштество, за секоја мајка е неверојатен процес и случување. Сите знаеме дека бебето се развива и расте во стомакот на мајката, но не и што точно се случува со нероденото бебе.
    Ви откирваме 7 неверојатни занимливи информации за фетусот кои сигурно не сте ги знаеле.

    Пет недели по зачетокот идното бебе кое се нарекува фетус или ембрион е долго 6 милиметри. Во тоа развивање почнува да се развива нивниот нервен систем, а со него и ‘рбетот,’ рбетниот мозок и мозокот. Можете ли да замислите колкава е големината на мозокоѕ на ембрионот долг 6 милиметри?
    Единствениот отсок на прст се креира во утробата. Ниту еден човек на светот нема ист отисок од прст, а линииите кои не разликуваат почнуваат да се развиваат дури во 10-тата недела по зачетокот.
    На нивниот изглед и облик влијае положбата на фетусот и структурата на матката.
    Дали бебето е машко или девојче?
    Иако при самиот зачеток полот на детето е одреден со хромозоми, се до 16та недела полот на бебето е непознат и не е возможно да се одреди освен доколку не се прават новите и скапи инванзивни тестови.
    Сексуалните жлезди подоцна се развиваат во тестиси или јајници, а полот на детето дефинитивно може да се открие по 16та недела од бременоста, кога во потполност е видлив половиот орган. Сега можете да размислувате за име на детето.
    Неродените бебиња сонуваат. Бебето уште во мајчината утроба е малиот човек кој јаде, спие, игра и сонува.
    Кај бебињата во утробата воочено е брзо мрдање на очињара кое инаку се појавува во текот на REM фазата во спиењето во која најчесто се сонува, па стручните лица ова го земале како доказ дека бебето и во утробата сонува.
    Судејќи по тоа колку е брзо напредувањето во технологијата, можеби наското ќе може да се знае и што бебето сонува.
    Бебето во стомакот зева и плаче
    Цицањето на палче, допирот по лице и ноџиња, смеење или допирот на уста, се некои од работите кои мајките често ги гледаат на ултразвук и дури тогаш може да предвидат дали нивното бебе ќе биде џамбас или пак мирно дете.
    Освен што чувствуваат расположение, бебето во стомакот слуша звукови, а стручните лица откриле како ниската фрекфенција кај неродените деца можат да предизвикаат плач. На снимката на ултразвук видливи се изрази на лицето и движења карактеристични за плач: Отварање на уста, неправилно дишење и мрдање на устата.
    Бебето во стомакот учи странски јазици. Бебето веќе во матката почнува на учи, а звуковите кои ги слушаат додека се во стомак сакаат и да ги слушнат кога ќе дојдат на свет.
    Не е докажано дека бебето ќе го сака пејачот или пејачката која мајката ја слуша, како што не е докажано дека бебето разбира англиски ако мајката гледа серија и филмови за време на бременоста.
    Она што е сигурно е дека бебето во матката почнува да го навикнува својот мајчин јазик.
    Бебето распознава вкусови. Важно е што мајката во бременоста јаде, а урамнотежената прехрана е нешто на што секоја трудница би требала да обрати внимание.
    Во 11та недела од зачетокот на бебето, почнува да учи да голта или пак да го плази јазикот, што посебно доаѓа до израз додека мајките јадат.
    Ако мајката јаде чоколада, бебето почесто ќе голта, а ако изеде кисела краставица, бројот на голтање ќе се намали. Затоа бебето сака слатко уште додека е во матката.
    Мајката го чувствува и слуша своето бебе додека е во утробата. Секогаш слушајте го својот мајчински инстикт.