ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  7 преслатки знаци дека вашето бебе Ве сака
    7 преслатки знаци дека вашето бебе Ве сака

    7 преслатки знаци дека вашето бебе Ве сака

    Иако бебињата не можат да кажат колку Ве сакаат, има некои знаци што ви даваат јасна претстава за тоа колку сте им важни. Ова се знаците преку кои вашето бебе вели: “Те сакам!”

    1. Ве гледа во очи

     

    Бебето сака да гледа во лицето, а Вашето му е омилено. “Тој прекрасен поглед е вроден инстинкт за преживување, кој е створен да го привлече вниманието и љубовта на родителите”, вели неврологот Лиза Елиот. Бебиниот долг поглед кон вашите очи е почеток на неговата љубов кон вас и тоа разбира колку сте важни во неговиот живот.

     

    2.Го препознава вашиот мирис. Ако на вашето бебе му понудите да избере помеѓу миризливи ружи и вашата испотена и валкана кошула, бебето секогаш ќе ја избере кошула. “Дури и бебето од 1 недела веднаш ја врти главата кон градите на мајка си”, вели Елиот. За вашето бебе, ништо не мириса поубаво од Вас.

     

    3. Ви се смее. Прв пат кога вашето бебе ќе ве погледне со вистинска насмевка раширена низ целото лице, на тој начин Ви кажува дека ве сака.

     

    4. Разговара со вас

    И најраните бесмислени звуци кои немаат смисла, тие се упатени кон вас. Бебето не разговара само со себе. Неговиот најран јазик постои за да бебето се зближи со вас, затоа возвраќајте му! Со тоа заедно, поставувате основа за вистински разговор подоцна.

     

    5. Ве сака близу до себе.

    Кога бебето ќе наполни шест месеци, ќе забележите дека не е среќно за вашето отсуство. Можеби тие ќе тагуваат или плачат секој пат кога ќе заминете и ќе се смеат кога ќе се приближите. Тоа е знак за неговата се поголема приврзаност.

     

    6. Ги делите истите интереси

    Без разлика дали станува збор за Божиќни светла или валкани алишта, ако проучувате одредени работи, вашето бебе ќе го стори истото. Таквото однесување се нарекува “заемно внимание” и може да започне кога бебето е само неколку месеци старо, но е поизразено од 9 до 12 месеци. “Тоа е знак дека вашето дете е поврзано со вас и го цени она на што обрнувате внимание”, вели педијатарот Харви Карп.

     

    7.Ве користи како штит

    Немојте да се изненадите ако вашето бебе ќе ја нурне главата во градите кога ќе се појави ново лице. “Анксиозност од непознати” е нормална фаза, и кога вашето бебе ви се обраќа за заштита, тоа значи дека ве сака и ве верува дека го држите на безбедно.