7 работи кои никој не ви ги кажал за сексот после пораѓај
Иако во денешно време сексот не е табу тема, малку се они кои зборуваат за водење на љубов после пораѓајот на жената. Еве што новопечените родители ви требало да очекуваат….
Дојде времето да го имате и првиот секс после пораѓајот, секако низ глава ви поминуваат милион прашања: Дали ќе боли? Дали сум спремна? Дали вагината ми е променета?
Изговорот, мораме да почекаме шест недели после пораѓај повеќе не ви поминува, бидејќи времето за одолжување веќе ви поминало. Ова се работите кои може да ги очекувате а кои никој не ги споделил со вас.
1. Крваво е
Немате добиено менструација повеќе од 9 месеци, затоа телото мора да го надокнади пропуштеното! Постои можност вашата вагина дури и после шест недели и понатаму да испушта микс од крв или вагинално ткиво. Исто така постои голема шанса вагината да не останала иста како претходно, неоштетена од самиот пораѓај. Шиењето во комбинација си породилните модрици или отоци ќе додадат некоја црнкаста боја и поради тоа голема е веројатноста да не се чувствувате убаво. Совет? Немојте ништо да брзате…
2. Веројатно нема да е така тесна или доволно широка како претходно
Само што изгубивте сигурно 4 килограми кои во текот на водењето љубов нема многу да ви променат. Од друга страна голема е веројатноста да ве сошиле потесно од што треба и тоа да создава препрека на патот.. Поразговарајте со вашиот доктор и работете на карлични вежби.
3. Вашите гради можеби “се расцветале“
Спремете се на моментот да ви тече млеко од градите во текот на водење љубов бидејќи кога вие ќе се возбудите, ќе се возбудат и вашите гради. Старите Египјани можеби уживале во млечните купки но секако нема да ви биде пријатно да го потпите вашиот партнер во лактоза. Но не се разочарувајте, сето ова кај многу парови може да биде смешно прифатено. Совет: Имајте покрај вас влажни марамчиња !
4. Чувствувате преголем умор кога ќе стигнете до креветот
Дефинитивно, промената на вашето тело не можете да ја гледате како проблем за аверзија према сексот. Во моментот во вашиот дом живее убиецот на страстите. Вашето бебе постојано плаче, поминувате низ огромна промена во животот, чувствувате огромен умор, нормално е да не сакате нешто да прочитате а камоли да имате сила да водите љубов. Совет: Пробајте во текот на попладнето да се одморите додека спие и вашето бебе, тоа ќе ви даде повеќе сила за да продолжите понатаму.
5. Сега имате публика
Како и поголемиот број на нови родители, бебето сигурно го ставивте со вас во соба и може да ви биде чудно да имате односи додека некој друг има во собата. Но, може нема да чувствувате толкава вина поради самиот чин, од што ќе чувствувате страв да не случајно го разбудите бебето со некои од звуците кои би ги испуштиле. Затоа не ризикувајте, каучот во дневната соба, веројатно никогаш не изгледал поудобен! Бидете малку покреативни во изборот за локација.
6. Ќе бидете загрижени кога станува збор за контрацепцијата
9 месеци не се грижевте од несакана бременост, а пред тоа веројатно некое време пробувавте да останете бремена и не користевте контрацепција. Е сега кога веќе знаете што се случува со не користење на контрацепција (бременост, пораѓај, непреспиени ноќи), заштитете се повеќе од било кога. Веројатноста за многу побрзо да останете бремени од првиот пат после пораѓај е многу многу поголема.
7. Првиот пат е…. повторно
Додека шиењето и модриците полека се враќаат во нормала и кога конечно ќе се наспиете, ќе бидете гладни за секс. Но како вели Мадона, би требало да се чувствувате како девица допрена по прв пат. Ќе бидете анкциозни за тоа како се ќе помине, ќе очекувате многу повеќе болка него задоволство. Вистината е дека нема да биде лесно, но ќе дојдете и до тоа…