ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  7 Реченици кои не треба да им ги кажете на парови кои се борат со неплодност
    7 Реченици кои не треба да им ги кажете на парови кои се борат со неплодност

    7 Реченици кои не треба да им ги кажете на парови кои се борат со неплодност

    7 Реченици кои не треба да им ги кажете на парови кои се борат со неплодност.

    Доколку вашите пријатели, познаници не можат да добијат бебе, а вие се трудите да бидете тука за нив и да ги утешите, внимавајте несвесно да не направите грешка и да ги повредите со некоја реченица. Еве што треба да избегнувате во разговорите со нив. Според голем број на статистики, скоро секој петти пар се соочува со неможност да добијат дете. За жал, како друштво не секогаш сме добро информирани за неплодноста, како и за начините како пристојно да се разговара со некој на тема неплодност, а да не се повредат чувствата во тешкиот период низ кој поминуваат.

    Еве што не треба да говорите на паровите кои се борат со неплодност:

    1. Не им кажувајте дека треба да се “опуштат”

    Секој од нас знае некој кој имал проблем со забременување и на крај затруднеле откако се опуштиле. Паровите кои не можат да имаат бебе на лесен начин, после неколку месеци со “опуштање”, всушност немаат проблем со неплодност. По дефиниција под неплодност се подразбира доколку парот неколку години се труди да зачне бебе а не успеваат во тоа или пак имаат дијагностициран проблем. Доколку им говорите дека не се доволно опуштени, жената се чувства како да има психички проблем и мисли дека прави нешто погрешно што не забременува. Неплодноста е медицински проблем кој мора да се лечи, кој и без разлика на современата медицина, може да се случи парот никогаш да не може да добие дете. Опуштањето не може да ја излечи неплодноста и затоа немојте тоа да им го кажувате.

    2. Немојте да го минизирате проблемот

    Соочувањето со неплодноста е тешко и болно, болката може да се спореди со жалење како кога ќе изгубиме некој сакан. Во случајот со оние кои имаат проблем со инфертилност тоа е болка која се појавува одново и одново секој нов месец. Тоа е процес кој трае со месеци и месеци, години и години…како голема рана која никако да зарасне. Навистина е тешко да сте опкружени со деца на своите родинини и пријатели, да гледате како нивните познаници и пријатели добиваат деца и како тие растат додека парот се враќа во својот мирен и празен дом. Затоа немојте да им говорите на паровите дека треба да уживаат и дека никогаш не е доцна или пак да патуваат. Тоа не им нуди утеха. Тоа е исто како на некој кој го изгубил својот родител да му кажете дека да биде благодарен што повеќе нема да треба да купува честитка за денот на мајката или таткото.

    3. Не се жалете на својата бременост.

    Прво правило е да не се жалите за својата бременост. Секако, бременоста знае да биде тешка, да имате хормонски пореметување, но за тоа зборувајте со други личности, немојте да ги ставате луѓето кои се борат со неплодност дека ви е многу тешко што сте трудни. Тие би дале се да се на ваше место.

    4. Немојте да го намалувате нивниот проблем.

    Кој е тој што ќе одреди што е најлошата работа што може да му се случи на еден човек? Различни луѓе, различно реагираат на случувањата во животот. Никој не може да измери колку е болен недостатокот од нешто толку круцијално како што е потомство. Една од најлошите работи кои можете да им ги кажете е дека “можеби не им е судено да бидат родители”. Неплодноста е медицинска ситуација а не “божја казна”.

    4. Не прашувајте дали пробале VTO

    Вонтелесното оплодување е метода која овозможува во лабораториски услови. Тоа е многу скапа и комплицираната метода која денес се почесто се користи, но е најблизок чекор до лечење на инферлитет. Вонтелесното оплодување не е нешто за кое треба да донесе одлука само парот.

    5. Не алудирајте на тоа дека тие не знаат што е родителство.

    Луѓето кои подолго време пробуваат да станат родители, имаат многу повеќе време да размислат за тоа како да се носат со одговорностите. Како и сите други парови, оние кои се борат со неплодност сонуваат како би изгледа родителството-фантазираат за тоа како ќе спие бебето цела ноќ и никогаш нема да имаат напад на бес. Но тоа е нешто што важи за сите идни родители и никој не треба да им ја одземе идеалистичката слика.

    6. Немојте да ги оговарате

    Лечењето на неплодност е приватна работа и често непријатна. Поради тоа многу парови не сакаат јавно да се знае низ што поминуваат. Посебно мажите се осетливи и често не сакаат да знаат другите дека прават испитувања за плодност. Неплодноста е нешто што треба да остане нивна приватна работа се додека тие сакаат да е така.

    7. Не инсистирајте на посвојување

    Посвојувањето е одличен начин за неплодните родители да станат родители. Но сепак треба да се решат голем број на прашања пред да станете спремни за одлуката да посвоите дете. Тие прво мора да ги исцрпат сите можности да добијат свое биолошко дете, да бидат сигурни дека не можат да имаат дете. Процесот на посвојување е долг и често скап процес и по тој пат не е лесно да се оди, затоа потребно е пред тоа да бидете сигурни дека баш тоа го сакате.