• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  7 (Сeдум) работи од кои се плашат идните татковци
7 (Сeдум) работи од кои се плашат идните татковци

7 (Сeдум) работи од кои се плашат идните татковци

Од што се плашат идните татковци?

Од моментот кога ќе слушнете дека вашата партнерка е бремена, влегувате во чуден нов свет и морате да учествувате во процесот на бременоста и породувањето. Можеби ќе ви биде непријатно да ги поделите своите стравови и несигурноста. Тоа е сосема природно. Овде се избрани седум работи од кои вообичаено се плашат идните татковци:

Страв за сигурност и заштита на семејството

Најголем страв со кој сите мажи се соочуваат е еден од најдлабоко вкоренетите во нашата култура: ќе бидам ли во состојба да го заштитам своето семејство и да се грижам за него? Кога ќе се роди првото дете, во многу семејства одеднаш доаѓа до промена во финансиите, затоа што во семејството веќе влегува и трет член за кој треба поголеми финансии. Тоа претставува голем товар за таткото. Тој мора да обезбеди не само финансиска туку и емоционалана поддршка. Неговата партнерка ќе бара помош, проаѓајќи низ драматични емоцоинални промени и тој мора да биде доволно стабилен да може партнерката да се потпре на него.

Страв поради присуство на породувањето

Во некои болници постои можност идниот татко да присуствува на породувањето и многу идни мајки сакаат тој момент да го споделат со својот партнер. Но повеќе од 80% од татковците се загрижени дека нема да бидат во можност да функционираат додека нивната партнерка раѓа. Се плашат дека ќе се онесвестат, ќе исповратат, односно нема да бидат способни да присуствуваат на тој чин. Таквиот страв може да се темели на цртаните филмови и хумористичките серии во нашата култура кои на тој начин го исмеваат мажот. Но две работи се јасни, мажите сето тоа го очекуваат-но скоро никогаш ништо од тоа не се случува.

Ако навистина не можете да гледате крв, излезете од салата за породување. Немојте да го игнорирате својот страв, соочете се со него. Разговарајте со другите татковци кои го поминале тоа. Типично е првата работа што татковците ќе ја кажат кога излегуваат од салата за породување дека мајката и бебето се добри, а потоа дека тоа било најфантастично искуство кое го доживеале.

Страв-дали сум јас таткото

Околу половина нови и идни татковци, барем еднаш се запрашале дали детето е навистина нивно. Но ако ги прашате дали се сомневаат дека нивната партнерка има афера, тие се увредени и повредени. На логично ниво тоа е исклучено, но на емоционално ниво се случува нешто сосема друго. Тој се бори со своите недостатоци:“толку е возвишено да создадеш нов живот па просто е неможно дека тоа јас успеав да го направам”.

Страв од смртност

Кога сте дел од почеток на живот, не можете да избегнете да не мислите за крајот на животот. Мислите за сопствената смрт се јавуваат кога ќе сфатиме дека не сте веќе најмлада генерација, дека замената стигнала. И, ако се испадне добро, ќе умреме пред да умре детето. За многу млади луѓе кои идат наоколу и мислат дека се бесмртни, тоа е голема промена.

Страв за здравјето на партнерката и детето

Породувањето е искуство кое ги кине нервите. Застрашувачки работи може да им се случат на луѓето кои ги сакате највеќе на цел свет. Можеби ќе го изгубите детето; можеби ќе ја изгубите партнерката и сами ќе го одгледате детето. Породувањето до пред неколку децении било исполнето со опасности: во раните 1920-ти, главна причина за смртност кај жените било породувањето. Денес, и покрај тоа што породувањето се одвива добро, а и бебињата се во ред, и понатаму ќе откриете дека повеќето родители потајно се плашат и ги бројат прстите на новороденчето.

Страв од менување на односот во врската

Мажите често се плашат дека нивната партнерка ќе го сака детето повеќе од сите други на светот-вклучувајки ги тука и нив. Тоа е многу вистинит страв. Вистина е дека доаѓањето на детето на свет може да направи притисок во односот меѓу партнерите. Исто така, вистина е дека такото може да се почувствува запоставен поради силното поврзување на мајката и детето, посебно во првите недели од животот на новороденчето. Но секој родител има различна предност и различна улога во врската и семејството. Детето обично се приврзува за мајката поради сигурност, и топлина. Татковците се еден од рамноправните партнери за одгледување на детето. Еден од начините да ја зајакнат врската со бебето е да поминуваат повеќе заедничко време и да пронајдат само нивни игри, места и забави.

Страв од женската анатомија

Дури и како гледачи, многу мажи се чуствуваат нелагодно кога треба да присуствуваат на гинеколошкиот преглед на сопругата. Болничките соби за преглед и породилните сали не се удобни за татковците. Помага кога однапред ќе се подготвите и запознаете со процесот на доаѓањето на бебето.