• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  7 симптоми кој покажуваат дека сте бремени
7 симптоми кој покажуваат дека сте бремени

7 симптоми кој покажуваат дека сте бремени

Поминати се неколку недели од незаштитениот однос, па би сакале да дознаете дали сте бремени или не. Додека не направите тест за бремност  или анализа на крвта, кој  се далеку посигурни методи, проверете дали имате било кој од овие седум симптоми. Не земајте ги здраво за готово, бидејќи сами по себе не значат ништо, но може да бидат добар показател дека треба да одите кај вашиот гинеколог.

Вртоглавица

Нискиото ниво на шеќерот во крвта или пад на крвниот притисок може да предизвика зуење во ушите, вртоглавица или блага слабост. Бремени или не, секако треба правилно да се храните и да внесувате доволно течности.

Променливо расположение

Обично сте смирени и кул, сега ве нервира секоја мала ситница, а не сте во ПМС? Тоа не мора да значи дека сте бремени, иако постои голема веројатност за тоа, бидејќи организмот на тој начин делува на хормонските осцилации.

Изострено чувство за мирис

Ако одеднаш почнете да реагирате на одредени мириси, без разлика дали ви се допаѓа повеќе од вообичаеното, без разлика дали ви пречат, купете тест за бременост.

Подуеност и отоци

Само пред една недела ги носевте најтесните фармерки, сега едвај сте во нив, а во меѓувреме, не сте се прејадувале или посегнувале по слатки. Подуеноста може да биде последица на бавно варење на хараната предизвикано од покаченото ниво на прогестерон.

Болки во стомакот и грбот

Не сте навикнати на болка во грбот и долниот дел на стомакот, а сега нешто ве боцка или напред или назад? Тоа може да биде последица на долго седење, умор но и на бременост. За да на бебето му биде удобно, матката почнува да се шири од самиот почеток, а ‘рбетот почнува да се прилагодува на новата положба.

Отечени гради

Напнатост, тешки гради, потемнети ореоли и понагласени вени на градите се првите знаци на бременост. Со цел да не се мачите додека не дознаете дали сте или не сте во друга состојба, носете поудобни градници. Нема причина да се мачите.

Често мокрење

За време на бременоста, телото произведува дополнителна течност која првично не се задржува, но затоа на тест ја става вашата бешика. Ако трчкате во тоалет на секој час, а не сте настинати, ако нагонот за мокрење ве буди секоја ноќ, веројатно сте бремена.