ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  7 Знаци дека во детството сте биле емотивно занемарени
    7 ЗНАЦИ ДЕКА ВО ДЕТСТВОТО СТЕ БИЛЕ ЕМОТИВНО ЗАНЕМАРЕНИ

    7 Знаци дека во детството сте биле емотивно занемарени

    Емоционалното занемарување кај децата доаѓа кога родителите не одговараат доволно и на вистински начин на емотивните потреби на детето во текот на детството.  

    Емоционалното занемарување е невидлив дел од детството кој тешко се памти како таков. Но, иако можеби непознат за оној кој го искусил, тоа може целиот негов живот да го следи како темен облак над главата и да предизвика големи последици.

    Што е тоа што емоционалното занемарување во детството го прави невидливо и долго и тешко за паметење? Неколку важни фактори. Најпрво, може да се случи во многу блиски, грижливи семејства на кои ништо материјално не им недостига. Второ, неуспехот на родителите да одговорат на емотивните повици не е нешто што вас ви се случува во детството. Тоа е нешто што недостига тогаш кога вам ви е потребно. Нашите очи не ги гледаат оние работи кои не се случиле. И затоа нашиот мозок не може да ги запамти. 

    Децении подоцна, како возрасна и формирана личност, чувствувате дека нешто не е во ред, но не знаете што. Можете да се навратите на детството во потрага по одговорите, но не можете да го видите она што е невидливо. И така останувате да верувате дека нешто не е во ред со вас. 

    “Што и да е проблемот, вината е моја” верувате во себе.

     Но, не е така, Одговори постојат. И еднаш кога ќе ги препознаете и ќе го разберете проблемот, можете и да го решите. 

    kids, babyshop, babyshopmk, deca

    7 знаци дека во детството сте биле емотивно занемарени

    1. ЧУВСТВО НА ПРАЗНИНА

      Празнината не е исто чувство кај сите луѓе. За некои, тоа е чувство на празнина во градите, стомакот, кое доаѓа и си оди. 

    2. СТРАВ ОД ТОА ДЕКА ЗАВИСИТЕ ОД НЕКОГО.

      Едно е да се биде независен тип на личност. Но, чувството на длабока, непрекината нелагодност кога од некој зависите е нешто сосем друго. Ако приметувате дека вложувате вонреден труд за да не би ви се случило никако да зависите од некој друг, тогаш можеби го имате овој вид на страв. И причина може да биде занемарување на вашите емоции во детството. 

    3. НЕРЕАЛНА САМО-ПРОЦЕНА

      Дали ви е тешко да ги дефинирате своите способности? Кои се вашите слабости, а кои се вашите моќи? Што сакате? Што сакате да постигнете? Што на вас ви е најважно? Ако ви е тешко да одговорите на овие прашања, тоа е знак дека не се познавата себе, онолку колку што би требало. 

    4. НЕМАТЕ ЖАЛ ЗА СЕБЕ, А ГО ИМАТЕ МНОГУ ЗА ДРУГИТЕ

      Дали сте строги спрема себе повеќе отколку спрема пријателите или семејството? Дали другите на вас ви зборуваат за своите проблеми, а своите ги задржувате за себе?

    5. ВИНА, СРАМ И БЕЗ ПОСОЧЕН КОН СЕБЕ

      Некои луѓе за се негативно што ќе им се случи во животот, веднаш вината ја гледаат во себе и чувствуваат срам. Дали се срамите поради работи кои поголемиот број на луѓе не би се посрамиле? Поради свои потреби, грешките кои ги правите или своите чувства? 

    6. СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО НЕКАДЕ ДА СТЕ ЗГРЕШИЛЕ

      Ова е она за кое што пишувавме на почетокот. Знаете дека нешто не е во ред, но не можете никого да обвините. „До мене е”, „Не умеам со луѓето”, „Се разликувам од останатите”.

    7. ПОТЕШКОТИИ СО ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЧУВСТВАТА

      Дали ви се врзува јазикот кога сте вознемирени? Имате ограничен речник и не можете да пронајдете зборови за да ги изразите чувствата? Често ве збунуваат вашите сопствени реакции и реакциите на другите луѓе?

    babyshop, babyshopmk, kids, deca

    Родителите кои недоволно ги приметуваат своите деца, кои ги потценуваат или не одговараат соодветно на нивните емоционални потреби, праќаат една порака на детето, која гласи:

    Твоите чувства не се важни.

    За да би можело детето да се соочи со оваа ситуација, тоа ги потиснува своите чувства, како би спречило да настанат “проблеми” во семејството.

    А тогаш кога детето ќе порасне, живее без доволно пристап до сопствените емоции: емоции кои би требало да го водат, поврзуваат, збогатуваат, емоции кои би требало јасно да ни кажуваат кој нас ни е важен и што нас ни е важно во животот. 

    Ако се препознавте во сево ова, постои и добра вест. Не е касно да се поправат некои работи.

    Еднаш кога ќе сфатите дека проблемот е всушност резултат на емоционално занемарување во детството, можете да го решите така што ќе го нападнете. Можеби ќе можете да го решите тоа сами, а можеби ќе ви биде потребен и разговор со некој. 

    Морате да пронајдете нов пат до своите скриени емоции и да научите вештини за нивно користење. Морате да прифатите и разберете дека вашите чувства се вистински и ВАЖНИ.