ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  8 намирници кои прават чуда за женскиот организам
    8 намирници кои прават чуда за женскиот организам

    8 намирници кои прават чуда за женскиот организам

    8 намирници кои прават чуда за женскиот организам.

    Добро е познато дека некои производи се покорисни од други: Содржат минерали, витамини, антиоксиданти. Таквите намирници ги именуваме како супер храна. Тоа се на пример, боровница, авокадо, чиа семе, лосос итн.
    Ви презентираме 8 намирници кои се исклучително здрави.
    1. Лук
    6 чешниња лук содржи 17% од дневните потреби на витамини б6 и 23% манган. Лукот го намалува стресот, помага при срцеви заболувања и одлично доаѓа по напорни тренинзи и вежбање. Нивото на естроген опаѓа во менопаузата па со тоа опаѓаа и квалитетот на коските односно настанува остеопороза. Конзумирањето на лук по пола чешње ќе ви помогне во борбата против остеопороза.

    2. Телешко месо
    100гр на телешко месо содржи 53% од дневната потреба за цинк, 40% содржи витамин B12, 16% железо и 12% витамин B12 и B6 кои помагаат да се изборите со симптомите на ПМС.
    3. Прокељ
    Прокељот ве штити од настанок на катаракта и појава на бори. Пола чаша прокељ ќе задоволи 81% од дневните потреби за витамин Ц и 123% со витамин К. Жените често патат од катаракта и глаукома за разлика од мажите Прокељот помага вашите очи да останат здрави. Витаминот Ц помага во производство на колаген како и во зараснување на рани и појавата на бори.
    4. Домат
    Доматот штити од изгореници, депресија и рак. Една чинија на домат содржи 47% од дневните потреби за витамин А, 42% за витамин Ц и 11% потреба за витамин B9. Витаминот А е многу важен за вашата кожа и коса а ликопенот кој е многу застапен во доматите ја штити вашата кожа од сонце. Витаминот B9 е од исклучителна важност за раст и развој на плодот во текот на бременоста. Исто така штити од депресија а посебно од рак на дојка.


    5. Компир
    Компирот штити од слободни радикали и го смалува апетитот. 300гр печен компир содржи 48% од дневните потреби за витамини и 46% од дневните потреби за витамин B6. Појавата од слободни радикали доведува до неплодност. Компирот содржи мноштво на антиоксиданти кои го штитат вашето тело.


    6. Цреши
    Црешите ги намалуваат болките во мускулите и помагаат против инсомниа. Црешите содржат 40% од дневните потреби за витамин А и 20% од дневните потреби за витамин Ц. Сокот од цреши ја намалува болката во мускулите. Жените кои патат од несоница, со конзумирање на сок од цреша сонот ќе биде поефикасен и подобар од било кое друго апче. Сокот од цреши добро влијае и на работата на мозокот.
    7. Ќефир
    Ќефирот штити од рак, стрес и проблем со килограмите. Една шоља ќефир ги задоволува 21% од дневните потреби за калциум, 20% за фосфор и 14% за витамин B12. Со колограмите помага бидејќи содржи многу повеќе пробиотик од било кој јогурт. Пробиотикот ја чува цревната флора и помага во одржување на телесната тежина.
    8. Кокос
    Кокосот помага во чување на здравјето на мајките, бебињата и трудниците. Тој е многу корисен во текот на бременоста бидејќи кокосовата вода содржи минерали како калиум и натриум. За здрав развиток на мозокот, кокосовото масло содржи масни киселини кои се многу важни за бебето. Исто така, кокосовата вода е многу корисна и за мајката, поради многуте минерали кои го контролираат крвниот притисок. Хормоналните промени во текот на бременоста можат да предизвикаат дијареа или пак опстипација. Кокосовата вода содржи диетални влакна кои го зајакнуваат организмот и влијаат врз работата на органите за варење.