ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  8 недела од бременост
    8 недела од бременост

    8 недела од бременост

    8 недела од бременост

    Бебе: Почнуваат да се гледаат прстите на рацете и нозете а капаците полека ги покриваат очињата. Видлива е ‘рбетниот мозок, а се развиваат и пршлените и ребрата. Во мозокот настанува нервна ќелија која меѓусебно се поврзува креирајќи ги основните нервни патишта. Во овој период почнува да се оформуваат мускулите, како и поединечни слоеви на кожа. Можеби можете да почнете да размислувате за полот на детето, иако е сеуште рано – органите не се доволно развиени за да може лекарот да потврди дали се работи за момче или девојче. Вашето бебе сега е во големина на зрно грашок (долго околу 22 mm и тешко околу 3 gr.), постојано се мрда и движи, иако вие тоа не можете да го почувствувате.
    Мама: Наскоро ќе приметите дека градникоѕ повеќе не ви е удобен. Растот на нивотот на хормоните влијае на зголемување на градите кои се припремаат за доење. Кога ќе купувате градник водете грижа за тоа дека ќе треба да ги обновувате во текот на целата бременост.
    Се чувствувате уморно? Хормонските промени, посебно драстичен пораст на прогестерон допридонесува за инертноста. Мачнините и повраќањето, исто така може да ви одземат доста енергија. Може лошо да спиете, посебно доколку ви е неудобно или станувате да мокрите.
    Вашата матка се повеќе се зголемува од недела во недела и сега е во големина на грејпфрут. Нормално е поради тоа да чувствувате грчеви, болки и затегнатост во стомачниот предел. Умеренин грчеви се нормални и прифатливи се додека не се поврзани со јаки болки или крварење. Овие два симптома се знаци дека нешто не е во ред и дека морате итно да побарате помош.
    Што треба да правите?
    Прв Ултразвучен преглед. Доколку до сега не сте биле на пренатален преглед сега е вистинско време за тоа. Освен што со помош на ултразвук се поставува сигурна дијагноза за бременоста, на овој преглед можете да добиете одговори на прашањата: Дали е плодот во матката? Дали постои срцева активност во плодот? Колку е бременоста стара (недела на гесталација) Кога е терминот за породување?