8 правила за комуникација со детето
Научете како да разговарате со детето
- Спуштете се на ниво на детето
Секогаш разговарајте со детето на негово ниво. Децата стално треба да се прилагодуваат на возрасните и на нивниот свет, па често имаат чувство на неприпаѓање.
Клекнете или седнете покрај него така да се гледате во очи кога разговарате. На тој начин му давате до знаење дека сте заинтересирани за тоа што има да ви го каже.
- Бидете природни
Бидете природни додека разговарате со вашето дете.Нема потреба со вашето двогодишно дете да зборувате како да е мало бебе. Ако ја пренагласувте гестикулацијата или ја менувате висината на гласот, детето сигурно ќе ве имитира и ќе мисли дека такво зборување е нормално.
Детето нема подобро да ве разбере ако се умилкувате, туку ќе мисли дека таквото зборување е нормално, и ќе се труди да ве имитира.
- Бидете стрпливи
Бидете стрпливи, бидејќи малите деца можеби не ќе можат брзо како возрасните да ви кажат што мислат или сакаат и тоа што го чуствуваат. Често се случува детето да почне да дтка, кога сака нешто брзо да каже-затоа мирно и стрпливо кажете му да зборува полека, затоа што имате доволно време да го сослушате.
- Пронајдете време за своето дете
Секогаш најдете време да го ислушате детето кога сака нешто да ви раскаже, дури и ако имате некоја работа, која секогаш може да причека. Кога заинтересирано го слушате детето, го поттикнувате да ги искаже своите мисли и идеи.
Исто така, може многу да научите како детето го гледа светот и кои особини кај него преовладуваат, што може да ви помогне во неговото воспитување.
- Обидете се да го разберете своето дете
Понекогаш ќе ви биде тешко да разберете што сака детето да ви каже, особено кога детето уште учи да комуницира. Многу е важно да му дадете до знаење дека сте заинтересирани да дознаете што ви зборува, но дека не го разбирате. Ако со рацете ви објасни или ви покаже што сака, пред да му го дадете саканиот предмет, повторете му неколку пати како се вика тој предмет.
- Научете да го слушате вашето дете
Зборовите и постапките се многу важни, па немојте со потсмев да гледате на интересите или делата на детето, пробајте да го разберете. Можеби ви изгледа неважно и безначајно нешто што ви зборува детето, научете да го слушате, затоа што може во многуте информации да се крие една многу важна.
- Набљудувајте го детето додека зборува со другите деца
Набљудувајте како вашето дете зборува со другите деца. Никогаш немојте да го прекинувате нивниот разговор(само ако дојде до некој конфликт), а ако приметите дека детето не знае да изговори некој збор или дткало во зборувањето, потрудете се покасно дома да вежбате сами.
- Слушајте го мислењето на детето
За почеток прашајте го за мислење, што сака да јаде, со што да си игра, а покасно разговарајте и за неговите чувства. Сигурно во почеток нема да разбере ни збор, но многу добро ќе ги почуствува емоциите, па ќе се изненадите како добро разбира и разликува позитивни од негативни чувства.
На тој начин од мали нозе детето го учите да искаже што чувсвува и да не се срами од тоа.