8 совети како да ги преживеете летните горештини во текот на бременоста
Покрај вишокот на килограми и зголемениот проток на крвта, на трудниците многу тешко им паѓаат и горештините во текот на летните месеци. Пратете ги овие совети и ќе се чувствувате многу попријатно во исчекување на своето бебе.
Метеролозите велат дека ова лето ќе биде едно од најтоплите. Кога ќе “запече” на никој нема да му биде лесно, а поготово не на трудниците. Тешките нозе, отечените стапала и вртоглавицата се само некои од типичните летни мачнини.
Издвојуваме неколку совети кои можат многу да ви помогнат.
1.Пијте многу течности
Најдобриот начин да го намалите отекувањето на рацете и нозете е да го зголемите внесувањето на течности. Штом станете, испијте на екс две чаши вода, а во текот на денот најмалку два литри. Освен водата пијте и природни сокови од овошје и зеленчук, затоа што добро ја гасат жедтта и полни се со витамини.
2.Пливајте
Важно е да се освежите, да се ослободите од чувството на тежина во нозете и болките во грбот. Додека пливате водата го масира телото, ја поттикнува циркулацијата и го поправа дишењето. Нормално, не смеете да претерате со пливање, ниту со времето поминато во вода, но една “тура” од 50 метри лесно пливање нема да ви штети.
3.Спијте многу
Одморот му е потребен на секого, на трудниците посебно. Ако не успеете во текот на ноќта да отспиете осум часа, тогаш тоа надокнадете го во текот на денот, но не на сонце, туку во дебела ладовина.
4.Шетајте
Лесната прошетка е препорачлива, но само во утринските часови и после пладне. Во текот на денот, кога сончевите зраци се силни, трудниците би требало да се тргнат од сонце. Ако престојувате на море, немојте да лежите на силно сонце, дури ни под чадор. Попаметно е да се лоцирате во некоја борова шума и да пиете ладна лимонада, читајќи некоја интересна книга.
5.Одмарајте ги нозете
Неколку пати дневно направете го следново: легнете на под, а нозете подигнете ги на ѕид. Веќе после неколку минути ќе почуствувате како тежината во нозете ќе исчезне.
6.Носете памучна долна облека
Кога надвор е топло, потењето во подрачјето на гениталиите се зголемува, па доаѓа до пречки, налик на чешање, зголемен вагинален секрет и пецкање. Задолжително носете гаќи од чист памук, затоа што тој пропушта воздух и впива пот. Мокриот костим за капење веднаш соблечете го и облечете сув.
7.Пазете на исхраната
За летните горештини се препорачува лесна храна и што повеќе овошје и зеленчук. Тоа за трудниците е задолжително, како и правилото дека треба да јадат малку, но често. Идеален оброк е салата од ориз, свеж зеленчук и пилешко бело месо. После тоа следи порција свежо овошје.
8.Потопете ги стапалата
Ако навечер стапалата ви се отечени и болни, припремете купка: во ладна вода ставете една или две лажици морска сол, малку рузмарин и неколку капки екстракт од див костен, а потоа потопете ги нозете на неколку минути.