• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  8 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА ЛЕЖЕЊЕ НА СТОМАЧЕ
8 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА ЛЕЖЕЊЕ НА СТОМАЧЕ

8 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА ЗА ЛЕЖЕЊЕ НА СТОМАЧЕ

Помогнете му на бебето да ужива во времето додека лежи на стомаче

МОЖЕТЕ ДА ПОЧНЕТЕ ОД ПРВИОТ ДЕН

Додека се во стомакот на мајката, бебињата се склопчени и згрчени, па лежењето во почеток не им годи. Меѓутоа, клучот на успешно навикнување е мајчиниот допир, нежност и постепено навикнување, затоа што на бебето му треба време за да ги зацврсти мускулите. Почнете така што ќе го држите со стомачето припиено до вашите гради додека сте во седечка положба. Поради неразвиените мускули на вратот, новороденчињата не можат да ја држат главата, па треба вие да му ја придржувате.

Сепак, бебето уште од првиот ден во оваа положба ќе почне да ги користи вратните мускули за да ја подигне главата  во правец на вашиот глас и да ви го види лицето, а кога ќе се умори, ќе може брзо да се потпре на вашите гради. Како бебето ќе расте и зајакнува, можете постепено да се тргате наназад, а до тогаш тоа ќе се навикне на лесниот притисок на стомакот и ќе ја засака таа положба, затоа што така ќе се чувствува безбедно во прегратката на мајката.

БИДЕТЕ СТРПЛИВИ

Новородените бебиња имаат несразмерно голема глава во однос на телото. Главата на новороденчињата е една третина од вкупната должина на телото, покасно на неа ќе припадне една осмина од должината на телото. За да ја држи главата во права состојба, бебето користи две групи на мускули-стерноклеидомастоидни, големите површински мускули од предната страна на вратот, и трапезоидните мускули, кои се протегаат од рамениците до задниот дел на вратот.

Поради големината и тежината на главата, како и недоволната јачина на мускулите по раѓањето, бебето не може да ја држи главата само, па во првите два месеци потребно е вие да му ја прдржите. Но, оваа млитава фаза не трае долго, бидејќи бебето секој ден станува се појако и постепено ја презема контролата над покретите на својата глава.

ВО ПОЧЕТОК ДРЖЕТЕ ГО БЕБЕТО ДО СЕБЕ

Советите за безбедно спиење кажуваат бебето да не се става во кревет на стомаче, но неколку минути дневно поминати на стомаче, во ваша близина и топлина на телото, ќе му помогне на бебето полесно да се навикне на оваа положба, која е многу корисна за јакнење на мускулите на трупот и вратот.

Легнете на кревет на грб, а бебето ставете го на вашиот стомак и гради, или седнете на кауч и преку нозете префрлете ќебе и бебето ставете го хоризонтално преку вашите нозе.

Немојте да го ставате бебето во оваа положба ако е уморно, плачливо или изиритирано, бирајте период кога е одморно, мирно и расположено. Ако се чувствува пријатно, побрзо ќе се навикне на лежење на стомаче, па преминувањето на под ќе му биде попријатно и полесно. За лежење на под секогаш користете дебел фротир, меко ќебе и меки подни коцки за бебе.

ВАШИОТ ГЛАС Е ПОЈАКА СТИМУЛАЦИЈА ОД ИГРАЧКАТА

Додека лежи на подот, на бебето ќе му треба да го охрабрите, мотивирате и да го забавувате за што подолго да издржи во положба-легнатао на стомаче. За да се дигне на раце и да проба да ја земе играчката, ќе биде потребно да поминат неколку месеци, па во почеток нема причина да го мамите со атрактивни играчки ни да му ги купувате.

Ако не може да ја дофати и земе, играчката само ќе ја исфрустрира. На бебето на оваа возраст најинтересен и најубав стимул ќе му биде вашиот глас и вашето лице. Најдобро ќе биде и вие да легнете на стомак покрај него, да му зборувате и да му пеете. Бебето инстинктивно ќе се труди да се сврти кон вас и да ја подигне главата, а звукот на вашиот глас и близината на вашето лице ќе му створат сигурност.

ГЛЕДАЊЕТО ВО СТРАНА Е ВАЖНО

Кога бебето ќе почне самостојно да ја држи главата, потикнувајте го да ја врти на лева и на десна страна. Пејте му песнички користејќи ги дланките и прстите за покажување, на пример, “Овој мал прст” или “Петте мали прсти”. Легнете на под пред бебето и мрдајте му со прстите и дланките пред лицето. Сигурно ќе сака да го фати секое ваше движење.

ЛУЛАЊЕТО ГО СМИРУВА БЕБЕТО

Ако бебето не сака да лежи на под, ставете го на стомак на вашата рака. Оваа положба често се користи за смирување на бебето кога има грчеви, но ќе помогне и за негово навикнување на лежење на стомак.

Нежно ставете го на долниот внатрешен дел на подлактицата, така што главата во делот на лактот, а потоа фатете го со шаката околу препоните. Другата рака ставете ја меѓу нозете на бебето, за полесно да го држите.  Нозете на бебето треба да висат од двете страни на вашата рака. Кога ќе почувствувате дека бебето го држите цврсто, нежно лулајте го. Покретите ќе ја смират, па полесно ќе се привикне на лежење на стомаче.

ЛЕЖЕЊЕТО НА СТОМАК ГО ПОДОБРУВА ВАРЕЊЕТО

Лесниот притисок на стомакот делува како стимулативна масажа на цревата, која на бебето ќе му помогне да го исфрли вишокот на гасови. Најдобри резултати се постигнуваат ако бебето на стомак го ставите на голема топка за пилатес, така што рацете ќе му бидат на предната страна на топката. Држете го цврсто додека е на топката. Многу нежно и полека тркалајте ја топката внимавајќи бебето да биде безбедно и задоволно. Кога ќе се навикне на оваа положба и кога ќе видите дека ја подигнува главата или ја држи подигната, тркалајте ја топката и во страна.

И 10 СЕКУНДИ Е ДОВОЛНО

Можеби ќе приметите дека вашето бебе издржува на стомак само неколку секунди, но и тоа е доволно за почеток. Немојте да го форсирате да остане подолго, затоа што резултатот ќе биде подобар ако на стомак помине неколку пати по неколку секунди самостојно а не да го терате со сила да седи подолго време. Однесувањето на бебето ќе ви биде најдобар показател кога е доста.

Ако само лесно се спротивставува, поттикнете го да остане уште неколку секунди, но ако биде вознемирено, нежно подигнете го и свртете го на грб. Секој контакт со бебето сметајте го за градење на цврсти темели. Можеби ќе бидете опседнати со желбата бебето што побрзо да почне да седи , станува, лази… оставете го да се развива према своето темпо, за што повеќе да ужива во вашето внимание и посветеност. Сите подоцна совладани вештини, на пример одењето и говорот, ќе се зачнат во периодот кој ќе го поминат на стомак, па дозволете си и вие да уживате во тие моменти, кои секогаш поминуваат многу брзо.