9 правила кои треба да ги почитувате кога одите во посета на новороденче
9 правила кои треба да ги почитувате кога одите во посета на новороденче
Сите се возбудени кога новороденчето ќе пристигне во домот. Тоа значи дека роднините и пријателите веднаш сакаат да го видат бебето. Меѓутоа кога одите на прва посета многу е важно да се придржувате до одредени правила.
Новороденчињата се многу чувствителни , а нивната мајка можеби и повеќе од нив.
Се припремате да посетите пар со мало бебе, без разлика колку сте блиски со нив, размислете за тоа што треба да внимавате и до кои правила треба да се придржувате. Ова не е време за да се појавите ненајавено и да инсистирате на кафе и муабет. Доколку сакате да го задржите вашето пријателство цврсто, почитувајте ги работите кои ви ги презентираме во продолжение.
1. Најавете се и прашајте дали родителите се спремни за посета.
Секоја мајка е различна, а на поголемиот број од нив им треба време пред да одлучат да се дружат и да го запознаат своето малечко со останатите луѓе. Почитувајте го времето и прашајте ја мајката дали е спремна за посетители.
2. Почитувајте го договореното време
Голема е веројатноста дека мајката може да биде вознемирена, исцрпена или пак ненаспана. Штом сте го одредиле времето за посета, бидете точни.
3. Не се задржувајте премногу
Паметните мајки веднаш по договорот за посета нагласуваат дека посетата би требало да биде кратка. Еден час е сосема доволен, освен ако мајката сама не инсистира да останете подолго.
4. Понесете со себе храна и колач
Голема е веројатноста дека мајката нема време за готвење и не оди во продавница по намирници. На поголемиот број мајки, им помагаат партнерите или семејството, па според тоа готвење на нејзиното омилено јадење или пак припремата на колач и општо кујната не е нејзин приоритет во моментот.
5. Измијте ги рацете пред да го допрете бебето или пак да го земете во прегратка.
Без разлика колку е бебето неодоливо, немојте да заборавите да ги измиете рацете веднаш штом влезете во домот. Почитувајте ја желбата на мајката и прашајте дали може да го земете бебето во ваши раце.
6. Понудете и на мајката време за себе
Доколку мајката знаете дека се чувствува удобно со вас понудете и помош. Можеби и треба време да се истушира или пак да направи нешто важно. Доколку ја одбие вашата понуда немојте премногу да инсистирате на тоа.
7. Речете “не” доколку мајката ви понуди храна
Сепак сте дојдете да ги видите мајката и бебето па дури и да помогнете доколку можете. Нема потреба мајката да троши енергија и да припрема храна само за вас.
8. Немојте своите деца да ги носите на посета
Сигурно ќе уживате многу повеќе во посетата доколку со вас ги понесете и своите деца но верувајте, тоа сигурно нема да ја израдува мајката со новороденче. Погрижете се и вие и вашите деца да ги почитувате границите.
9. Избегнувајте давање на совети
Доколку мајката побара совет за храната и распоредот на спиење, слободно објаснете каков бил ритамот со вашите деца и опишете го своето искуство, но немојте категорички да тврдите дека вашиот совет е и најдобар. Не заборавајте дека главните звезди на дружењето се мајката и новороденчето.