9 занимливости за породувањето ширум светот
Самиот чин за породување е универзален за сите мајки во светот, пропратен со контракции, ширење на грлото на матката, болките и на крај доаѓањето на бебето на свет. Меѓутоа, она што се разликува од многу земји во светот е искуството и обичаите по породувањето во првите седмици и од мајчинството.
1. Поклони за мајките по повод раѓање на бебето
Во Финска уште во дамешните 30 години, владата поклонувала на трудниците пакети за добредојде на бебињата. Пакетот вклучувал облека, препарати за основна нега, вреќа за спиење како и картонска кутија која може да се користи како креветче. Мајките имале избор да прифатат подарок или пак грант во облик на пари кој содржел 140 евра, но најголемиот број од мајките секогаш ги земале подароците бидејќи вределе многу повеќе.
2. Пораѓање во седечка положба
Иако трудниците најчесто се пораѓаат во лежечка положба тоа не е случај и во некои делови на Азија, Африка и Централна и Јужна Америка, известува Светската Здравствена Организација. Во овие земји, жените менувале различни положби, од стоечки, седечки до лежечки позиции.
3. Употреба на плин за смеење
Иако епидуралната или спинална анастезије најчесто се користи за ублажување на болки во Сад (податоци од 2008 година, покажале дека 61% од жените користат лекови за ублажување на болки), нитратни оксид или плин за смеење, е се повеќе популарен во Австрија, Финска и Канада. Стручните лица сметаат дека негвата употреба е сигурна во текот на породувањето, не ја намалува болката туку ги помага во оттргнување на мислите од болката.
4. Храна по породувањето
Воо многу култури постојат правила за исхрана на трудницата а неколку типови на храна е тесно поврзана со породувањето, како супа од морска трева која користи во Кореа. Таа исто така се нарекува “роденденска супа”, која жените ја јадат веднаш по породувањето, а исто така се конзумира и по роденден како потсетник на чинот на раѓањето на детето.
5. Симболичност за папочната врвка и постелката
Во многу делови од светот, папочната врвка и постелката-која овозможуваат хранливи материи за бебето во текот на бременоста-имаат исто така големо симболично значење и врз основа на тоа се третираат по раѓањето. На пр. Во Турција не е невообичаено жените да ја закопуваат папочната врвка во близина на важни установи (симбол за образование и напредок) или пак ги чуваат во домот (симбор за поврзаност со семејството). Во некои делови од Африка , постелката се закопува на многу важно место (најчесто под дрво или во домот). Во САД и многу европски земји, постелката се фрла веднаш по раѓањето.
6. Еден месец одмор
Во Кина и Виетнам постои обичај кој ја обврзува мајката да остане во домот најмалку една седмица по породувањето. Медицинскиот извештај наведува дека новопечените мајки очекуваат само да седат и лежат во пижами еден месец со што би се опоравиле од породувањето. Мајките исто така имаат одреден план за исхрана во тој период.
7. Постнатална грижа за вагиналните мускули
Во Франција е развиена терапија која овозможува мајките да ги зајакнат своите вагинални мускули по породувањето со што би се спречиле идните проблеми на карлицата. Ваквиот вид на терапија е овозможен од 1985 година.
8. Негување на интимни односи со партнерот
Во САД, лекарите советуваа пациентите по 6 седмици од породувањето да имаат интимни односи но во Папуи Нова Гвинеа, тој период е многу подолг. Традиција во таа земја вели дека интимните односи не трба да се практикуваат се додека бебето не почне да јаде цврста храна (што може да трае со седмици и месеци).
9. Осигурано породилно отсуство
Во поголемиот број на земји во светот, на новопечените мајки им е овозможен породилен период во времетраење од 12 месеци, додека во некои земји тој период е многу подолг. Во Шведска, Германија, Норвешка и Данска, родителите имаат можност да искористат повеќе од 50 седмици платено отсуство кои може да се поделат помеѓу таткото и мајката по породување или пак усвојување на дете. Во Чешка, родителите имаат право на 48 месеци платено родителско отсуство. Ситуацијата е полоша во САД, каде поголемиот број на жени немаат платено породилно отсуство повеќе од 12 седмици.