Адаптацијата е важна, научете го бебето самото да си игра на подот
Време е кога бебињата треба повеќе време да поминуваат сами на подот, кога ќе почнат самите да се вртат, а се уште не лазат, време е за интензивен развој и учење, но бебињата тоа не сакаат многу да го прават сами. Сакаат, но само малку. Како и секое живо суштество повеќе уживаат тоа да го прават во друштво со родителите, па тие од љубов кон нив седнуваат на под, лазат, гугаат, им додаваат играчки, ги земаат во раце, им пеат и така поминува многу време кое бебињата треба да го поминат сами во сопствени истражувања.
Не е лошо да им се прави друштво на подот, но честото станување и помагање, бебињата ќе го разберат како да треба постојано мама и тато така да ги забавуваат, а бебињата треба тоа време да го поминуваат сами во сопствено истражување. Тоа е период кога не се многу мали, тие се бебиња кои веќе имаат четири месеци и кои самите треба да се подготвуваат за нови движења.
Еве неколку совети како да им се помогне на бебињата да го пребродат вашето отсуство (и вечното носење во раце) и да се заинтересираат самите да тргнат во истажување:
Од коленици на под
Наместо носење во раце пробајте бебето што повеќе да го ставате на коленици додека седите на подот. Тоа ќе биде идеална поза за преминување од позата во раце, до лежење на под. Во таа нова поза која ќе ја прифати секое бебе, немојте да бидете актер, избегнувајте го погледот на бебето, за да станете помалку интересни од шарените играчки кои намерно сте ги оставиле за бебето да ги види, но на подот. На бебето така ќе му здосадите па ќе сака да ја земе играчката, а така ќе се сложи да го оставите на подот. Сега ќе има добра причина.
Во потрага по играчки
Кога ќе видите дека бебето сака да излезе од вашите раце, знајте дека тоа е моментот да го спуштите на подот на грб. Играчките не ги допирајте – не ги доближувајте до бебето а посебно избегнувајте да му ги дадете во раце. Бебето сега е фокусирано на нив па ќе проба да ги дофати додека вие сеуште сте во близина.
Нека знае дека сте тука
Ако бебето почувствува дека сакате да го оставите, ќе почне да се двоуми дали ги сака играчките или вашата близина, приближете се поблиску до него за да ја почувствува вашата близина, да ве слушне, насмејте се и застанете, бебето тогаш ќе сфати дека ќе останете близу до него и ќе почне да си игра самото со играчките.
Направете пауза
Бебињата во овој период доста разбираат и инстинктивно ги читаат и нашите мимики, затоа ако вашето бебе почне гласно да се буни, затоа што сте го оставиле на подот, немојте веднаш да го кревате. Клекнете на подот покрај него и прашајте го како голем човек: Тебе ти е доста играње? Дали сакаш да се одмориш малку? Ако бебето во знак на протест почне да мавта со рацете и се насмевнува (тоа секогаш значи да зар не?) земете го во скут на ист начин како што објаснивме, понишкајте го малку, погалете го и потоа повторно игнорирајте го и поттикнете го да се фокусира на подот.
Колку повеќе на под ќе биде подобро
Бебињата кои се научени стално да ги носите во раце нема да сакаат така лесно да се откажат од таа привилегија, но вие правите грешка затоа што бебето на оваа возраст мора што повеќе да биде на рамна подлога а не во раце. Не е повеќе новороденче. Затоа е многу важно да се научат да седат на под и на игрите со кои сами ќе ги развиваат своите движења и моторика, кои ќе им бидат потребни за понатамошните чекори кон развојот.
Стручните лица кажуваат дека што побргу го научите бебето да се забавува само, тоа ќе му створи навика за подоцна да не биде зависнo од ТВ и од родителите, да почне само да истражува.
Бидете блиску за да можете да го насочите. Периодот до шест месеци, односно до една година е интензивен период за секое бебе па вашиот став да го ставите бебето на под ќе има голем ефект на неговиот развој. Меѓутоа, ако вашето бебе и понатаму, откако сте го поминале периодот на адаптација за самостојност инсистира да го држите во раце, тогаш променете ја тактиката.
За почеток наместо играчки на подот ставете нешто што не е играчка за бебе, на пример лонче, некој сад кој сјае, или нешто слично што ќе му го привлече вниманието.
Ако бебето и понатака не сака да го дофати, тогаш приближете му се. Важно е бебето да го разбере самостојното фаќање на играчките и тогаш само ќе тргне во истражување. Кога една играчка ќе му досади ќе тргне во напад на друга. И така само малку по малку само ќе го потикне својот развој, а вие ќе можете малку да се одморите среќни што вашето бебе знае само да си игра.