• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Аларм за одење на гинеколог
Аларм за одење на гинеколог

Аларм за одење на гинеколог

Аларм за одење на гинеколог
Во кои ситуации е неопходен и како изгледа гинеколошкиот преглед?

Гинеколошкиот преглед може да биде стандарден, односно преглед кој треба да се прави еднаш годишно, а тој подразбира систематски преглед во кои спаѓаат: PAP тест, колпоскопија, микробиологија и преглед на дојки.
Меѓутоа, доколку се појави некој од симптомите во продолжение неопходно е веднаш да се отиде на гинеколог:
– Зголемен вагинален секрет и непријатен мирис со необичен изглед и боја,
– Оток, црвенило и болка во пределот на гениталиите
– Болка и нелагодност за време на сексуален однос
– Болно и обилно крварење
– Вагинално крварење надвор од менструалниот циклус
– Доколку се појават ранички во пределот на гениталиите или пак генитални брадавички
– Притисок во пределот на мала карлица
– Чешање, пецкање во пределот на гениталните органи
Гинеколошкиот преглед е задолжителен и:

– После првото сексуално искуство
– Откако ќе го промените партнерот
– Доколку планирате долго патување
– Ако сте користеле антибиотик поради воспаление
Колку пати годишно се препорачува гинеколошки систематски преглед?
Систематскиот гинеколошки преглед се препорачува еднаш годишно кај пациенти кои немаат тегоби и кај кои Pap тестот и колпоскопијата се уредни.
Систематскиот преглед подразбира:
– Гинеколошки преглед
– Колпопскопија
– Ултразвучен преглед на гениталните органи (вагинален или абдоменинален)
– Ултразвучен преглед на дојки