ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Алергиски контактен дерматитис кај децата
    Алергиски контактен дерматитис кај децата

    Алергиски контактен дерматитис кај децата

    Алергискиот контактен дерматитис настанува како реакција на имунолошкиот систем после контактот на кожата со одредени хемиски ствари. Алергиската реакција обично се развива со тек на време, со зголемен контакт на кожата со тие работи (на пример, со одредени мирисни ствари кои ги содржат влажните марамчиња или кремите).

    Голем број на супстанци можат да ја предизвикаат оваа состојба на кожата. Одредени супстанци при првите случаи на користење можеби нема да предизвикаат реакција, но постојаниот контакт со истите може да предизвика дерматитис и чешање.

    Најдобар начин на лечење

    Како би се спречила појавата на зачестени реакции, најдобро е да избегнувате контакт со ствари за кои сте се увериле дека предизвикуваат осип. Лекарот можеби ќе одреди примена на крема на база на кортизон (стероид) како би се спречило воспалението.

    Доколку проблемот е од потешка природа, а вие не знаете што е неговиот причинител, лекарот ќе направи “кожна проба”.