• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Алкохол и доење: Дали смеам да испијам чаша вино доколку дојам бебе?
Алкохол и доење: Дали смеам да испијам чаша вино доколку дојам бебе?

Алкохол и доење: Дали смеам да испијам чаша вино доколку дојам бебе?

На кој начин алкохолот делува на мајчиното млеко, објаснуваат експертите за лактација.

Повеќето од нас за време на бременоста избегнува вино, пиво или било кој алкохолен пијалок затоа што знаеме дека тоа не е добро за нашето бебе. Меѓутоа, што се случува по неговото раѓање?

Издвојуваме се што би требало да знаете за конзумацијата на алкохол во текот на доењето.

Дали смеам да пијам алкохол во тек на доењето?

Драги љубители на виното и коктелите, само напред, можете да испиете чаша од омилениот пијалок со романтична вечера. Се испостави дека не е катастрофално доколку пиете алкохол и доите бебе, се додека сте умерени. Една стандардна чаша вино или пиво два пати неделно е сосема во ред – истакнуваат стручните лица од американскиот Центар за контрола на болест кои додаваат дека е важно да се држите до таа една чаша, затоа што голема количина на алкохол може да му наштети на бебето и на неговиот раст и развој.

Како алкохолот делува на моет бебе?

Спрема зборовите на стручните лица, алкохолот доспева до мајчиното млеко, но во многу мали количини. Алкохолот во крвта се зголемува после 30 до 60 минути од конзумирањето на пијалокот, додека во мајчиното млеко доспева после два до три саати во просек.

Сепак е важно да имате на ум дека количината на алкохол во крвта зависи од многу фактори, што вклучуваат телесна маса, брзина на конзумација, храната која сте ја јаделе…

Дали и на кој начин алкохолот влијае на продукцијата на млекото?

Окситоцинот, хормон кој влијае на лактацијата, се потиснува кога комбинирате алкохол и доење. Студиите покажаа дека конзумирањето на алкохол навистина може да ја намали количината на мајчиното млеко. Доколку забележите помалку млеко, откажете се од својот пијалок.

После колку време од конзумирањето на алкохол можам да дојам?

Штом престанете да ги чувствувате ефектите од алкохолот, сосема е сигурно да го доите детето. Со оглед на тоа дека секој на различен начин го метаболизира алкохолот, тоа може да биде еден или два часа после пијалокот, но најдобро е да почекате барем два часа.

Треба ли да го измолзувам млекото после пијалокот?

Нема потреба да го измолзувате млекото затоа што тоа “функционира” така што го чека гладното бебе да дојде, се ствара на команда. Тоа значи дека штом алкохолот ќе исчезне од вашиот организам, нема да го има ни во вашето млеко.

Важно е да ги пратите своите инстинкти, па ако мислите дека е побезбедно да ја фрлите таа количина на млеко, направете го тоа.

Совет плус

Доколку сакате да одите на забава и знаете дека ќе испиете повеќе, планирајте да измолзите млеко и истото да го исфрлите се додека алкохолот потполно не го исфрлите од организмот, советуваат експертите за лактација. Исто така, добра одлука е да го доите бебето непосредно пред одењето на забава, како бебето би било сигурно подолго време, а вие би имале време да ја смалите количината на алкохол во крвта.