• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Аменореја
Аменореја

Аменореја

Отсуство на менструација и што го предизвикува

Аменорејата претставува отсуство на менструацијата.

Таа може да биде секундарна, ако менструацијата изостанала барем 6 месеци кај жена која веќе имала менструација и примарна ако девојчето воопшто немало ниту една менструација до својата 14-та година (ако нема развиени ни секундарни полни карактеристики), односно до својата 16-та година (ако се присутни секундарните полни карактеристики).

Причините за аменорејата можат да бидат физиолошки:

-бременост;

-доење;

-менопауза;

-последица од користење на некои лекови (на пример контрацептивни пилули).

Но причините можат да бидат и некои кои доведуваат до неплодност, со оглед на тоа дека кај аменорејата нема ни овулација:

-вродени аномалии на гениталните органи;

-израстоци во матката;

-хромозомопатија (на пример Тарнеров синдром);

-ановулација;

-предвремена менопауза;

-хипоталамичка аменореја;

-зголемен пролактин;

-пореметувања во исхраната – анорексија, булимија;

-прекумерно вежбање, преголемо губење на тежина;

-хипотиреоидизам;

-тешка анемија;

-цисти и тумори;

-стрес и емоционални фактори.