Анафилактички шок
Што претставува анафилактички шок?
Анафилактички шок е исклучително брза и јака алергиска реакција и можеби една од најстрашните кризи со кои родителите се соочуваат. Овој шок се случува кога имуниот ситем реагира на штетни супстанци кои организмот ги препознава како сериозна пречка. Реакцијата повлекува опуштање на хистамин и останати хемикалии кои предизвикуваат голем број на симптоми, а некои од нив сериозни по живот.
Кај бебиња, можни симптоми се:
• Проблеми со дишењето
• Забрзан пулс и неправилна работа на срцето
• Осип на кожата
• Губење свест
• Повраќање
• Пролив
• Исклучително бледа кожа и пот
• Црвенило на кожата
• Модра кожа
Симптомите најчесто се појавуваат првите два часа. Понекогаш се појавува и во рок од неколку минути, иако е возможно да се појават симптоми и после неколку часа.
Анафилактички шок не е честа појава кај бебиња помали од 6 месеци, од причина што во тој период не се изложени на алергени а посебно алергени од храна. Потребна е поголема употреба на алергени за да се појави реакција но, често може да поминат и неколку години пред да се појави првата реакција. Не е исклучена можноста анафилактичните шокови да се појавуваат и кај бебиња кои имале само еден месец како и кај деца кои никогаш претходно немале алергии.
Кои супстанци, најчесто провоцираат јака реакција?
Постои голем број на потенцијални алергени но овие се најчести:
• Кикирики, ореви, школки, ракчиња, јастог, риба, млеко и јајца
• Лекови од фамилијата пеницилин (вклучително и популарниот антибиотик амоксицилин)
• Убод од инсекти и пчела (и други инсекти кои касаат)
• Латекс – гума (често се користи во здравствени установи)
• Конзервирана храна и боја за храна
Што треба да се прави доколку вашето бебе добие силна алергиска реакција?
Веднаш побарајте итна помош доколку вашето бебе има проблем со дишењето или пак изгуби свест. Поставете го бебето во лежечка положба со подигнати ноџиња, со ова ќе го намалите ризикот од шок. Пробајте да го смирите вашето дете со тоа што ќе му зборувате и со тоа што ќе останете трезвени.
Немојте на вашето дете да му давате антихистамин доколку се помало од 6 месеци. Па, и доколку бебето е постаро, немомјте да давате антихистамин доколку постојат проблеми со дишење и голтање, затоа што може да ја искомплицирате ситуацијата и да се задуши.
Откако итната помош ќе пристигне, веројатно на лице место на бебето ќе му дадат инекција епинефрина, која ќе помогне во спречување и исчезнување на реакцијата во рок од неколку минути.
Итната помош ќе го однесе вашето бебе во болница, каде ќе направат детален преглед на моториката и детално ќе направат преглед дали постојат задоцнети реакции. Стручните лица во болница ќе се потрудат да дознаат дали ваквиот шок има направено некакви оштетувања врз детето или пак не.
Што можам да направам за да го заштитам своето бебе од анафилактички шок?
Најдобрата превензија е да ги избегнувате сите познати алергени и супстанци кои најчесто предизвикуваат алергиска реакција.
Доколку вашето бебе е алергично на одредена храна, потребно е само едно мало зрно за да покаже реакција. Поради тоа, исклучително важно е внимателно да читате на опаковката на храна што се содржи, обавезно да се потенцира кога одите во ресторан или пак доколку сте кај пријатели на гости. Бидете многу внимателни бидејќи вашето дете не секогаш ќе биде доволно внимателно.
Доколку убодот од инсект прави алергиска реакција, избегнувајте места каде е можна поголема застапеност на инсекти. Немојте да се наслонувате на спреј против инсекти, тие не се ефикасни против пчели кои најчесто прават убод на деца.
Доколку вашето бебе има проодено, не дозволувајте да оди босо. Многу деца добиваат убод со тоа што самите газат на некој инсект.
Доколку вашето дете има јака алергиска реакција, лекарот може да препорача, кога детето ќе порасне со себе да носите инекција епинефрин. Тој е наменет за деца кои имаат од 15 до 30 килограми и достапен е само со рецепт.
Исто така, обавезно потенцирајте и бидете сигурни дека луѓето кои поминуваат време со вашето бебе – баба, дедо, роднини, негувателка, во градинка се известени и знаат дека вашето дете има можност од алергиска реакција, како и да бидете сигурни дека ќе знаат како да изреагираат доколку дојде до вакваалергиска реакција.