ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Антибиотикот не ја лечи кивавицата!
    Антибиотикот не ја лечи кивавицата

    Антибиотикот не ја лечи кивавицата!

    Есента не се шегува. Го покажа вистинското лице. Ги обори температурите и не натера, преку ноќ да извадиме потопла облека од ормарите. Го намали бројот на деца во училниците и градинките, ја зголеми потрошувачката на марамчиња, антипиретикот, пастилите и чаевите. Носињата се растекоа, грлото зацрвене, започнува кашлање, а расте и температура.
    Дали е настинка или вирус, дали да се оди веднаш на лекар или да се почека да помине или пак да се земе антибиотик?
    Иако чекалните се полни, педијатрите тврдат дека наглото разболување не е причина за нашите проблеми. Тоа може да предизвика само краткотрајно течење на нос, поради преминот од топла во ладна средина и обратно, но не и настинка за која се заслужни риновирусите. Тие брзо и лесно се шират во непосреден контакт помеѓу деца, преку разменување на играчки и школски прибор, допирање на предмети за заедничка употреба. 
    За инфективните вирусни инфекции карактеристично е прво воденаста, а потоа слузава кивавица, црвено грло, кашлање, замор, главоболка и благо зголемена температура (од 37 до 38 степени). Тие најчесто траат околу недела дена, доколку не се искомплицира со бактериска инфекција.
    Вирусните инфекции не се лечат со лекови, посебно не со антибиотици, туку со мирување, топли напитоци и зголемен внес на свежо овошје и зеленчук, посебно оној кој изобилува со витамин Ц, а температурата не треба да прејде 38,5 степени. Децата, доколку се жалат од главоболка, можете да им дадете лек против главоболка, а против запушеност на нос борете се со топли чаеви и капки за нос кои не би смееле да се корстат подолго од пет дена поради возможно оштетување на слузницата. Капките ќе ја намалат количината на секретот, ќе го разредат и ќе го олеснат дишењето на детето.
    Освен тоа, важно е облекувањето да се прилагоди на временските прилики и температурата. Доколку утрата се ладни а денот пријатен, најдобро е детето да биде облечено слоевито, а тоа важи и за вас.
    Многу е важно да спроведе мерки за превенција во која спаѓаат:
    – Редовно миење на раце
    – Внес на доволна количина на свежо овошје и зеленчук, посебно она кое изобилува со витамин Ц
    – Зголемено количество внес на течности (вода, чај, лимонада, бистра пилешка супа)
    – Физичка активност и одмор на свеж воздух
    – Редовно проветрување на просторијата
    – Добар и квалитетен сон