Азбука на доење
Повеќето жени, дури и кога чекаат второ, трето или четврто дете, се плашат дали пораѓајот ќе се одвива непречено, дали бебето ќе биде здраво и право, но и за тоа дали ќе има доволно млеко. Стресот е најизразен пред раѓањето на првото дете, бидејќи идна мајка не знае што е колострум, што е зрело млеко, колку често треба да го дои бебето, колку долго бебето треба да цица, што е маститис …
Драги трудници, ако и вие барате одговори на ова и многу други прашања кои ги мачат повеќето млади родители во деновите пред породувањето и првите месеци од животот на вашето бебе, ние ќе ви помогнеме да ја научите азбуката за доење.
А. Ако бебето ги турка рацете во уста, ги мрда усните, ја турка главата кон вашите градите и плаче, значи дека е гладно и дека треба да го нахраните. Ова се нарекува “доење на барање” и исклучува гледање на часовник и кратење на подои само затоа што цицало пред половина час, час или два. Во првите неколку недели, бебето веројатно ќе сака да цица осум до 12 пати на ден, а подоцна ќе се проретчи.
Б. Бидете стрпливи и не брзајте го бебето што побрзо да заврши со цицање. Некои бебиња јадат брзо и лакомо, а други “густираат” и јадат полека, но вие земете во предвид дека е во ред да на секоја дојка помине онолку време колку што сака .
В. Ценете го времето кое го поминувате доејќи го вашето бебе, бидејќи со тоа не само што му обезбедувате храна, исто така и здравје, силен имунитет, повисок коефициент на интелигенција, љубов, удобност, сигурност, самодоверба и силна врска меѓу вас.
Д. Добрата позиција, онаа што ви е вам удобна и која на бебето му овозможува да убаво ја фати брадавицата и ареолата, е многу важна за успешно доење. Не е важно дали лежите или седите додека сте опуштени и додека бебето успева да се избори со млекото кое надоаѓа. Ако ве болат нозете, бидејќи лошо сте се наместиле или ве фаќа грч во раката, а вратот ви се кочи, ќе бидете нервозни па сето тоа ќе му се пренесе на бебето. Променете ја позицијата и уживајте.