• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  “Бабите носат очила и можат да ги извадат забите”: Што малечките кажаа за бабите
“Бабите носат очила и можат да ги извадат забите”: Што малечките кажаа за бабите

“Бабите носат очила и можат да ги извадат забите”: Што малечките кажаа за бабите

Преслатки изјави на малечките кои сигурно ќе ве воодушеват.

Бабата и дедото имаат посебно место во срцето на малечките, затоа што во голем број од случаите им пружаат многу внимание и им дозволуваат работи што родителите не би им ги дозволиле. Затоа децата ги сакаат на некој посебен начин. Во своите наивни главички секое од децата креира многу интересна и занимлива слика, а ние издвојуваме што малечките кажаа за своите баби.

“Бабата е жена која нема свои деца. Сака момчиња и девојчиња кои се деца на некои други луѓе. Дедото е исто така баба, само човек.Тој оди на прошетка со момчињата и разговараат за риболов и други работи.”

“Бабите не мораат ништо да работат, тие само доаѓаат во посета. Тие се стари па затоа не треба многу да трчаат и скокаат, но можат да не однесат на рингишпил и мораат да имаат многу пари како би се возеле во вовчињата.”

“Кога бабата шета со нас, таа многу заостанува и ги разгледува сите работи, на пример, преубавите лисја или гасениците. Никогаш не вели: одиме побрзо! Бабите носат очила и можат да ги извадат забите.”

“Кога ни читаат бајки никогаш не прескокнуваат делови и никогаш не велат: Ова веќе сме го читале!”

“Сите треба да имаат баба, затоа што таа е единствениот возрасен човек кој има слободно време за деца.”