ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бањање
    Бањање

    Бањање

    Што се е потребно за да се избања едно бебе?

    За почеток, освен пластична када и топла вода потребно е:

    • Купка за бебе
    • Бокал со млака вода за поливање на бебето
    • Сунѓер , пешкир или памучна крпа за бањање на бебето
    • Пешкир за бришење, сушење на бебето.

     

    Веднаш по завршување на бањање на бебето, облечете го и припремете се за успивање. Пред да го успиете вашето бебе, потребно е:

     

    • Соодветна крема за газете на бебето
    • Чиста пелена, бенкица и памучно одело за спиење
    • Д витамин (најдобро врзете го со бањањето за да не се заборави)

     

    Во која положба треба да биде бебето за време на бањањето?

     

    Се додека не отпадне папочето, бебето се бања под млаз вода, поставено на вашата рака. Држете го бебето преку подлактицата со пелена преку папокот. Додека папокот не се исуши и не отпадне, новороденчето би било пожелно да го бања патронажна сестра или пак самите родители со претходно направена обука.

    Подоцна, бебето се бања поставено на грб и со подигната глава поставена на мајчината подлактица.

     

    Имате страв да го бањате вашето бебе, поради тоа што не е отпаднат папокот? Што да се прави во таков случај?

     

    Бебето би требало да се бања преку рака, под млаз вода. На подлактицата се наоѓа стомачето на бебето. Пупакот најдобро е да се остави замотано, па кога ќе завршите со бањање одмотајте го, пребришете го со чиста стерилна газа и јод, два до три пати.

    Секогаш земете нова стерилна газа за пребришување на папокот.

     

    Како се бањаат девојчиња во пределот на гениталиите?

    Гениталиите се мијат од напред према назад (према газето). Внатрешно никогаш не се чистат малите и големи усни. Беличастите наслаги кои се гледаат во првите месец дена е сосема нормално, тоа го имаат од нивното раѓање. Таа бела сиренеста состојба која се појавува ја штити бебешката кожа и истото не треба да се брише или отстране.

     

    Како се бањаат машки деца во педелот на гениталиите­?

     

    Добрата хигиена во пределот на гениталиите е многу важна уште од самиот почеток. Гениталиите се чистат со секое бањање и тоа е доволно за да се отсранат сите нечистотии. Главичката кај машките бебиња е природно заштитена со кожичка која потполно заштитува и покрива.

    Потребно е кожичката полека да се повлекува надолу се додека не осетите отпор, тогаш исплакнете. Кожичката никогаш не ја влечете на сила. Залепена кожичка до две години е нормална појава и спонтано истата ќе се одвои.

    Што да правите доколку бебето плаче за време на бањањето?

     

    Прво, запрашајте се дали сте го одбрале вистинското време, можеби бебето е уморно, поспано или гладно. Пробајте  со некои од следните предлози:

    1. Преместете го времето за бањање за половина час порано со тоа што претходно малку нахранете го бебето.
    2. Зборувајте му на бебето во текот на бањањето со насмевка на лицето.
    3. Доколку сте нервозни, груби, или пак правите нагли потези, пробајте да бидете поопуштени, нежни, пејте додека го бањате бебето или вклучете музика.
    4. Пробајте да се бањате заедно, близината и топлината на вашето тело може да влијае на  опуштање на бебето.
    5. Ако и понатаму плаче, претскокнете го бањањето неколку дена и бањајте го само со  тоа што ќе го насапуните со сунѓер на простирка за пресоблекување. После два до три дена, пробајте повторно со тоа што бањањето нека го превземе таткото а вие асистирајте.