ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бебе на планина
    Бебе на планина

    Бебе на планина

    Заедничкиот одмор на планина со умерена надморска височина може да биде совршено доживување за сите членови од семејството. Сепак родителите треба да обратат внимание на неколку важни ситуации: со мали деца не треба да се оди на планини повисоки од 1500 метри затоа што не е препорачливо децата помали од 2 години да престојуваат на прилично голема надморска височина далеку од своето живеалиште.

    Разредениот воздух, но и екстремниот студ се вообичаени на планина на таа височина во овој период од годината. Да, воздухот е чист, но е и доста студен.

    Треба да се мисли и на здравствениот аспект од зимувањето. На бебето веројатно ќе му биде добро, но ако нешто се случи, ретко кога може да добие вистинска педијатриска медицинска грижа надвор од големите градови.

    Строго медицински гледано, на бебето може да му се обезбедат адекватни услуги на планина, но подобро е да се одбере некоја помалку “дива” планина со пониска надморска височина (околу 1000 метри).