• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Бебе Рак
Бебе Рак

Бебе Рак

Што да очекувате од бебето родено во хороскопски знак рак

“Јас ја сакам само мојата мајка покрај себе и никој друг…и не ме интересира ни тато, ни дада, ни дедо, ни баба…зошто мајката е се“.

И кога ќе го здогледа овој свет малиот Рак знае и ја чувствува својата мајка, знае дека таа е неговата единствена ѕвезда водилка.

А мајката како и секоја мајка ќе се умори, преумори и тогаш не може емоциите да ги претвори во прегратка, што малиот Рак ќе го почувствува а казната е: непроспиени ноќи, плачење, грчеви во стомакот, не земање на вода и млеко во доволно количини…

Единствен лек е да го потпрете на гради, не морате да пеете или да зборувате, но многу е важно да имате позитивни мисли во тој момент. Ракот е многу интуитивен знак и чувствува се околу себе.