Бебе во авион
Дали постои старосна граница?
Бебињата можат да летаат со авион уште од најрана возраст. Доколку бебето е здраво и не е предвреме родено, поголемиот број од авиокомпаниите дозволуваат лет со авион со навршена една недела за кратки летови, или со навршени три недели за долги летови.
Сепак, доколку можете да го одложите патувањето, најдобро би било да почекате бебето да ги прими првите вакцини, затоа што вирусите брзо се шират во затворени простории.
Вашето бебе е премало за да добие вакцина против одредени болести (маларија, жолта треска, итн.) така што најдобро е да не патувате во земји каде што се застапени овие болести.
Доколку вашето бебе е предвреме родено или има здравствени проблеми, секогаш посоветувајте се со лекар пред да патувате.