
Бебе во инкубатор
Сакајте го вашето бебе затоа што љубовта е она што сигурно можете да му го дадете, а инкубаторот за тоа време ќе му пружи се останато што е потребно. Набљудувајте го овој апарат како нешто што му помага на бебето.
Што вие можете да направите за бебето во инкубатор?
Предвреме родените бебиња или бебињата кај кои е воочен некој проблем поврзан за виталните функции или состојба која бара прилагодување на надворешниот свет во првите денови од животот времето го поминуваат во инкубатор. Прочитајте како изгледа инкубаторот, за што служи, од што се состои и што вие како родител можете да направите во првите денови.
Бебето кое е во инкубатор можете секојдневно да го посетувате, да му зборувате или да го допирате низ отворите кои се предвидени за тоа. Бебињата го памтат гласот и допирот на родителите. Мајките би требало да се трудат да го оддржуваат доењето затоа што мајчиното млеко е најдоброто нешто што бебето може да го добие.
Би требало редовно да ги измолзувате градите и спремно да го чекате бебето. Периодот кога бебињата се во инкубатор е многу стресен, особено за мајките, но треба да се трудите да имате позитивен став и оптимизам. Лекарите секогаш детално ќе ги објаснат причините за престојот на бебето во инкубатор, како и времето кое најверојатно ќе го помине во него. Бебињата кои не се предвреме родени, во инкубатор често поминуваат околу една недела, во зависност од причината. Ако тежината е под 2.000 грама, остануваат во инкубатор се додека не достигнат тежина од 1.900 – 2.000 грама, под услов да не постои ниту една друга причина за престој во инкубатор.
Бебињата со тежина под 1.000 грама, остануваат многу подолго во инкубатор, додека не ја постигнат тежината која одговара, за што најчесто треба подолго време.
Сакајте го вашето бебе затоа што љубовта е она што сигурно можете да и го дадете, а инкубаторот за тоа време ќе му пружи се останато што е потребно. Набљудувајте го овој апарат како нешто што му помага на бебето.
Инкубатор
Постојат различни видови на инкубатори, во зависност од техничката опременост на болницата, негде се помодерни а негде постари модели. Сите главно ја имаат истата функција и основни делови, со тоа што некои додатно поседуваат и вага, апарат за мерење на влажноста на воздухот или некои други додатоци. Бебињата некогаш непосредно по раѓањето не се во состојба да ја оддржуваат нормалната температура на телото и престојот во инкубатор им помага да престојуваат во средина која им одговара и која може да ги заштити од можни инфекции.
Малите тела немаат развиен систем за терморегулација така што инкубаторот со температура која им одговара и додатоци е спас за нив. На многу родители им изгледа застрашувачки но секој дел има своја незаменлива функција и многу помага да се пребродат првите, некогаш критични денови и бебето да има нега која му одговара, исхрана, кислород и престој во услови кои се добри за него.
“Вештачка плуќа” и шатор за кислород
Некои бебиња по раѓањето не се во состојба да дишат самостојно затоа што нивниот респираторен систем не е зрел. Тогаш од голема помош се респираторите и CPAP апаратите. Овие апарати буквално ги спасуваат животите на малите суштества. Ако на бебето му е потребна само дополнителна количина на кислород во инкубаторот постои пластична преграда во пределот на главата во која се шират цевки и се спроведува дополнителен кислород.
Сонди за исхрана
Голема помош во исхраната на бебињата игра и сондата или цевката која се спроведува низ носот или устата во желудникот. Ова овозможува нормална исхрана кај бебето кое има слаб или никаков рефлекс за цицање, проблем со голтање и дишење или било каков здравствен проблем кој бара ваков начин на исхрана.
Монитор
Со помош на мониторот се пратат основните животни функции на бебето, а тоа се дишењето, притисокот и работата на срцето. На кожата на бебето се наоѓаат сензори кои во секој момент бележат што се случува и доколку е потребно сигнализираат на медицинскиот персонал за да се реагира навремено. Ова правовремено реагирање на персоналот најчесто спасува живот.
Инфузионен систем
Иако бебињата во првите денови се многу мали и нивните вени се тенки постојат интравенски системи прилагодени на така мали тела. Со нивна помош бебињата добиваат доволна количина на течност, хранливи материи или лекови потребни во одредени случаи.
Светлосна терапија во инкубатор
Ако бебето по раѓањето добие жолтица во инкубаторот може да се изложи на фототерапија која за бебето е многу корисна а се спроведува така што стерилни гази се ставаат на очите на бебето а цел останат дел од телото е исложен на плаво светло.