Бебешки оброк: Просо со тиква
Припремете го овој вкусен оброк за вашето бебе. Можете да го сервирате како хранлив и вкусен појадок.
Потребно е:
3 лажици просо
1/2 кругче тиква
лажичка павлака или малку јогурт
Припрема:
Во малку вода сварете ги трите лажици просо и половината круг од тиква. Кога ќе биде сварено, додадете малку павлака или јогурт поради регулирање на густината.
Напомена:
Оваа кашичка може да се дава веќе на самиот почеток на воведување на цврста храна но без млечни производи. Со млечни производи се дава подоцна, по осмиот месец кога истите ќе се воведат.