
Бебето го препознава мирисот на мајката уште од раѓање
Бебето го препознава мирисот на мајката уште од првиот ден. Тој препознатлив мирис го смирува и затоа е важен контактот кожа на кожа од моментот кога бебето ќе дојде на свет. Дури и неколку години подоцна, детето сеуште ќе го преферира Вашиот мирис и тој ќе го смирува повеќе од било што друго.
Кога бебето почнува да препознава мириси?
Сетилото за мирис се развива веќе во бременоста. Околу 28-та недела од бременоста, бебето може да ја намириса плодовата вода со која е опкружено во матката. После раѓањето, бебето знае да го препознае Вашиот единствен мирис и го смирува допирот со Вашата гола кожа.
После само eдно доење, бебето ќе знае да препознае кога ќе го земете во раце и приближите до дојката
Не е само бебето тоа кое препознава мирис и допир. Многу е веројатно дека после само еден час од породувањето и Вие ќе знаете да го препознаете своето бебе по мирисот.
Многу студии покажаа дека моќта на мирисот е неверојатна. Бебињата кои имаат можност да поминуваат повеќе време со своите мајки со контакт кожа на кожа и додека цицаат помалце плачат и освен што имаат подобар имунитет, тие се посмирени и порасположени.
Важно е и мајката да биде опуштена, да сфати дека плачењето е нормално во првите недели и да не се вознемирува. Како што бебето знае да ја смири мајката така тоа може и да ја вознемири.