• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Бебето ќе престане да плаче во истата секунда ако ја направите оваа едноставна работа
Бебето ќе престане да плаче во истата секунда ако ја направите оваа едноставна работа

Бебето ќе престане да плаче во истата секунда ако ја направите оваа едноставна работа

Секој родител има поминато низ тоа. Седите и ви се чини дека со часови го нишкате бебето кое не престанува да плаче. Веројатно и самите веќе сте на раб на солзи, ако не и уплакани. А доволно е да направите само една мала работа и бебето веднаш престанува да плаче.

Таа мала работа е едноставно да станете. Проверете, ќе видите и сами – бебето веднаш ќе се смири. Ако повторно седнете, бебето повторно ќе се расплаче.

Овој феномен го забележуваат речиси сите родители, а толку е вообичаен што дури и научниците се позанимаваа со истиот.

Студијата е спроведена во 2013 година, а резултатите се објавени во научниот журнал “Current Biology”.

Во резултатите суштински стои дека е откриено дека бебињата се генетски условени да бидат мирни  кога се во рацете на родителот кој стои наместо да седи.

Се се сведува на раните денови од човештвото, кога луѓето од сите страни биле опкружени со предатори. Aко мајката стоела со бебето, тоа би и дало неколку драгоцени секунди предност во бегањето од напаѓачот. Така бебињата еволуирале да бидат мирни кога родителот кој ги држи стои и да врескаат ако родителот прави било што друго.

А истражувањето покажа дека не само што бебињата се потивки кога стоите додека ги држите, туку и дека пулсот им е забавен.

“Нашето истражување покажа дека децата помали од шест месеци кога ќе ги земете во раце веднаш престануваат со мрдање, како и со плачење. Тоа е предност усвоена со еволуцијата, затоа што доколку би се смирило во рацете на мајката, бебето би имало повеќе шанси да ја преживее опасноста”, стои во заклучокот од истражувањето.