Бебeто одбива да јаде? Проверете ја усната шуплина!
Бебeто одбива да јаде?
Доколку вашето бебе одбива храна, немојте веднаш да се лутите, проверете дали вашето бебе има бели наслаги на јазикот.
Појавата на кандида, која се наоѓа насекаде околу нас, најчесто се врзува за повозрасни луѓе, поретко кај деца а најмалку кај бебиња. Но нарушувањето на бактериската рамнотежа и слабиот имунолошки систем оставаат последици на организимот и на најмладите. Кај бебиња кандидата најчесто се појавува длабоко во слузокожата на усните шуплини.
Одбрамбениот систем на бебето сеуште не е формиран, па затоа многу често се подложни на инфекции, а од друга страна малото дете има потреба постојано нешто да става во уста, посебно во периодот на растење запчиња. Со тоа во организмот се внесуваат разни микроорганизми.
На јазикот, најчесто на неговиот корен, видливи се бели наслаги, а развојот на болеста може да ја направи цела усна шуплина бела. Главниот проблем се крие под белите наслаги бидејќи кандидата продира во слузокожата, ја оштетуваат и прави болка. Бебето може да стане нервозно и да ги одбива оброците. Затоа, доколку вашето бебе без причина е нервозно и не сака да јаде, проверете ја усната шуплина. Најчесто преглед е доволен за дијагноза. Доколку работата стане сомнителна, се зема брис и со него јасно се потврдува присуството на кандида.
Кандидата може да зафати и други делови во организмот. Поради прекумерната употреба на антибиотици со широк спектар кои ефикасно ја елиминираат инфекцијата и сите добри бактерии се нарушува природната рамнотежа, а кај постарите деца често прави инфекција на цревата.