ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Бебето треба да се движи што е можно повеќе
    Бебето треба да се движи што е можно повеќе

    Бебето треба да се движи што е можно повеќе

    Бебињата и малите деца би требале да се движат што е можно повеќе. Движењето го зголемува присуството на кислород во мозокот, го подобрува сонот, видот, варењето и го намалува ризикот од заболување од респираторни болести.

    Даглас Доман, американското стручно лице од Институтот за развој на човечкиот потенцијал ни пренесува неколку сознанија за развојот на детската интелегенција. За малечките да бидат здрави и секој дел од нивниот мозок да биде развиен, развојот на моториката е од особена важност.

    Затоа стручните лица од овој Институт нагласуваат дека бебињата и малите деца би требале што повеќе да се движат. Движењето го зголемува присуството на кислород во мозокот, го подобрува сонот, видот, варењето и го намалува ризикот од заболување од респираторни болести.

    -Бебето, веќе после еден месец од раѓањето немојте да го ставате да лежи на грб како желка, во тој случај, не може да се помрдне, туку ставајте го на стомак. Така ќе ги зајакнува рацете, нозете, но и вратот, ќе научи да ја држи главата исправено. Ставете го во оваа положба по 15 минути, неколку пати на ден и брзо ќе биде спремно за следната фаза.

    Бебето треба да прави мали движења, да се поткрева со стапалата и рацете од површината. Затоа на најмалиот член обезбедете му топол, безбеден, стерилен под, каде што ќе може да биде што повеќе на стомак.

    Нека биде само во бенкичка, со боси нозе и голи раце за да може полесно да се поткрева од подлогата.

    -Овие движења брзо ќе го доведат до лазење. За да го поттикнете малечкото да го прави ова, можете вие со вашето повозрасно дете да ползите на подот и да му покажете како тоа се прави.

    -Исто така, не му облекувајте облека која ќе го ограничува во движењата и никако немојте да инсистирате да се движи, туку оставете го да престане кога ќе сака да се одмори.